Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО ја обжали одлуката на Кривичен да не му одреди притвор на Кочан

0
By Нова ТВ on March 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство информира дека е обжалено решението на судијата на претходна постапка  при Основниот Суд Скопје 1 за неизрекување на мерка притвор за првоосомниченото лице во предметот „Труст“.

Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за притвор за бизнисменот и сопственик на телевизијата „Нова“ (која не е поврзана со порталот НОВАТВ) Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот на СЈО под кодно име „Труст“.

„Постапувајќи по предлози на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), пред судии на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера беа повикани двете лица, за кои се однесуваат предлозите за определување мерка притвор, да се произнесат во однос на предлозите во присуство на Јавен обвинител од СЈО и овластен правен застапник. Во однос на лицето С.К. по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО“, соопшти судот.

За Василие Авировиќ, Специјалното јавно обвинителство го преиначило барањето и наместо притвор побарало забрана за учество на тендер и забрана за контактирање со одредени лица. Ова барање на СЈО е уважено од судијата на претходна постапка во Кривичниот суд.

Кочан и Авировиќ се осомничени за фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“.

СЈО воедно ги демантира сите шпекулации во определени медиуми со кои се тврди дека обвинителката Фатиме Фетаи нема да биде дел од тимот на ова Јавно обвинителство.

притвор Сеад Кочан СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.