Со машкиот слалом во Аспен заврши сезоната во Светскиот куп во алпско скијање. Победата во американскиот зимски центар ја однесе Швеѓанецот Андре Мирер со вкупно време од 1:27,97 минути. Второто место го освои Феликс Нојројтер од Германија (1:28,11 минути) кој беше побрз за само една стотинка од Австриецот Михаел Мат (1:28.12 минути).

Севкупен победник во Светскиот куп во машка конкуренција е Марсел Хиршер кој ги понесе малите кристални глобуси во слалом и во велеслалом. Шампион во супервелеслалом е Кјетил Јансруд од Норвешка, титулата во спуст ја освои Италијанецот Петер Фил, а најдобар во алпска комбинација е Французинот Алексис Пинтуро.