Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: „Ниту една повеќе“ – одговорност и казни за убиството на Росица побарано пред МВР и Собранието

0
By Zoran Ivanov on September 18, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 18, 2025 19:06

Стотици граѓани вечерва се собраа пред Министерството за внатрешни работи и пред Собранието на протест поради убиството на младата Росица во Велес, барајќи да не се повтори уште еден ваков случај. Демонстрантите извикуваа „Ниту една повеќе!“ и со солзи во очите упатија порака за крај на фемицидите во Македонија.

Активистките порачаа дека институциите го имаат главниот дел од вината.

Се собираме скршени од тага и разбеснети од колективниот крах на системот, од игнорантскиот однос кон жртвите на насилство кој доведува до фемициди. Виновни се и полицијата, и Центрите за социјална работа, и обвинителството, и судовите.

Образовниот систем наместо да гради еднаквост и емпатија, произведува сексисти и насилници – рече една од активистките.

Друга активистка побара одговорност и оставки:

Бараме дисциплински постапки против полицајци, обвинители и судии кои не постапиле по пријавите за закани. Јавното обвинителство мора да открие кој дозволил да се прекршуваат мерките за заштита.

Граѓаните побараа повеќе средства за социјални програми, целосна имплементација на законите за спречување на фемицид и казни за службениците што не ги спроведуваат.

Една демонстрантка за „Слободен печат“ рече дека институциите реагираат дури кога ќе ескалира ситуацијата.

Секогаш е истиот муабет. Сите знаеме примери во секоја населба, ама никој не презема ништо додека не дојде до трагедија. Ова е кажано стопати, рече таа.

Други граѓани изразија надеж дека протестот ќе донесе промени, предупредувајќи дека во спротивно, трагедиите ќе продолжат да се повторуваат и јавноста брзо ќе ги заборава.

Пред Собранието, демонстрантите со мегафон зборуваа за системските пропусти што овозможуваат насилството врз жените да продолжи. Тие порачаа дека случајот со Росица не смее да се сведе на бројка или статистика.

Росица не е бројка, ни статистика, ниту насловна страна. Денес е Росица, утре друга, но прашањето не е која е следна, туку што можам да сторам за да го спречам тоа, рече еден од демонстрантите.

Учесниците побараа одговорност од институциите, но и укажаа дека вината е поширока – и кај пријателите, соседите и роднините кои молчат за насилството.

Денес е Росица, а утре може да биде мојата ќерка. До кога пријавите ќе остануваат на хартија? Секој човечки живот вреди. За жал, јас сум жена што минала низ семејно насилство … . Затоа сум тука, бидејќи ниедна жена не смее да биде оставена сама – рече демонстрантка.

По говорите, демонстрантите во молк ја блокираа улицата пред Собранието, испраќајќи порака дека институциите мора да реагираат навремено за да се спречат идни трагедии.

Текст и фото: Слободен печат.мк

протест скопј Фемицид фото
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.