Published: Thursday, June 12, 2025 15:15
Повеќе од половина час нема струја во речиси половина Скопје.
Без струја се жителите на Аеродром, Ново Лисиче, но и Маџари, Хиподром, Стајковци, Инџиково и Јурумлери. Дефектот во мрежата е поврзан со голем пожар во Вардариште.
Нема најава до кога ќе трае прекинот со електрична енергија.




