Ракометарите на Вардар ќе бидат дел од Фајналфор турнирот во регионалната СЕХА лига. Тимот на ППД Загреб вечерва славеше во реванш четвртфиналниот дуел со 25:22 (полувреме 12:10), но скопските залиха од четири гола се покажа како доволна за „црвено-црните“ за место на завршниот турнир.
Најзаслужни за успехот на Вардар се голманот Мартин Томовски кој забележа 12 одбрани и Тимур Дибиров со пет голови.
Вардарци во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Задар од 3 до 5 септември ќе играат против Мешков Брест додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Веспрем (Унгарија) и Мотор Запорожје (Украина).