Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скотланд Јард: Нападот пред британскиот Парламент е терористички акт

1
By Нова ТВ on August 14, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 14, 2018 12:49

Лицето кое со автомобил денеска удри во заштитната ограда на британскиот Парламент и повреди неколку луѓе ќе одговара за тероризам. Тој е уапсен и единствено се знае дека има меѓу 20 и 30 години.

Лондонската амбуланта служба соопшти дека двајца пациенти се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот. Се работи за велосипедисти и пешаци.

Уапсениот бил сам во автомобилот и досега не е пронајдено оружје.

-Во оваа фаза, ние го третираме ова како терористички инцидент и истрагата сега ја води единицата за борба против тероризам, соопштија од Скотланд Јард.

Напаѓачот е во притвор во полициската станица во јужниот дел на Лондон и возилото се претресува.

Голем број очевидци изјавија дека сребрената Форд Фиеста, која се движела кон запад, се чини намерно ги погодила пешачите и велосипедистите, по што се завртела во спротивната лента.
Би Би Си објави снимки на кои се гледа моментот кога возилото оди преку пешачки премин пред да удри во безбедносната ограда од челик и бетон.

Инцидентот се случил во 7.37 минути по локално време, кога Парламентот не заседавал.

Метро станицата Вестминстер е затворена, исто така и улиците околу Милбанк, Парламент сквер и Викторија Тауер гарденс.

Медиумите се оддалечени од самото место, а полицијата ги активира мерките предвидени за терористички акти. Парламентот во моментов не заседава.

На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледа како полицајци изнесуваат едно лице со лисици од автомобилот.

Портпаролот на амбулантската служба во Лондон изјави дека двајцата што се во болница имаат “повреди за кои не се верува дека се сериозни”, а на местото на настанот им е пружена помош на останатите кои имале мали повреди.

Во Велика Британија минатата година беа извршени низа напади при што вкупно загинаа 36 лица, а 200 беа повредени. Одговорност за четири напади презеде Исламска држава.

Во нападот од март 2017 година, 52-годишниот Халид Масуд со автомобил усмрти четири пешаци на Вестминистерскиот мост, а потоа со нож избоде до смрт невооружен полицаец пред британскито Парламент. Напаѓачот беше застрелан од полицијата.

Британија Лондон терор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.