Воведниот меч на завршниот тениски Мастерс во Лондон меѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим го следеа и еден куп познати фази на трибините. Фото-објективите уловија две фудбалски што секогаш се фокус на внимание каде и да се појават.
Еден до друг Жозе Мурињо и Жерар Пике. Чија поддршка беа двајцата остана нејасно. Така и ќе остане додека не се огласат. Но, фотографии од нив веднаш се појавија во медиумите и социјалните мрежи. Во дел од нив и со изненадување ако се знае дека менаџерот на Манчестер јунајтед и стоперот на Барселона и на шпанската репрезентација не се „мирисаат“ многу и чеестопати знаат да се прозват во јавноста.