Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словачка и Унгарија нема да ги поддржат санкциите на ЕУ за руските енергенси

0
By Соња Крамарска on May 3, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 3, 2022 16:00

Словачка и Унгарија денеска најавија дека нема да поддржат санкции против руските енергенси што Европската унија ги подготвува поради војната во Украина, велејќи дека се премногу зависни од тие испораки и дека нема непосредни алтернативи.

Комесарите на ЕУ расправаат за нови предлози за санкции, кои би можеле да вклучуваат постепено ембарго на руската нафта. 27-те земји-членки најверојатно ќе почнат да разговараат за нив утре, но може да поминат неколку дена пред да стапат на сила мерките и не е јасно дали нафтата ќе биде меѓу нив, а и дали Словачка и Унгарија ќе добијат право да се изземат.

Словачкиот министер за економија Ричард Сулик рече дека единствениот рафинер во земјата, Словнафт, не може веднаш да премине од руска сурова нафта на друг вид нафта. Промената на технологијата ќе трае неколку години, рече Сулик.

„Значи, ќе инсистираме на изземање, сигурно“, им рече Сулик на новинарите.

Словачка е речиси целосно зависна од руската нафта што ја добива преку нафтоводот Дружба од советската ера. Унгарија, исто така, е силно зависна, иако другите големи увозници на енергија, како Германија, рекоа дека можат да се справат ако ЕУ ја забрани руската нафта.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека земјата нема да гласа за какви било санкции „кои ќе го оневозможат транспортот на природен гас или нафта од Русија во Унгарија“. „Поентата е едноставна, снабдувањето со енергија на Унгарија не може да биде загрозено бидејќи никој не може да очекува од нас да дозволиме цената на војната во Украина да ја платат Унгарците“, порача Сијарто денеска од Казахстан. „Во моментов е физички невозможно Унгарија и нејзината економија да функционираат без руска нафта“, рече тој.

И покрај несогласувањето меѓу членките на ЕУ за новите енергетски санкции, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вети дека ќе ја „скрши руската воена машина“ со тоа што ќе ги оддалечи земјите на континентот од руските испораки на природен гас. Идејата е да се обезбедат алтернативни снабдувања на енергенси кои вклучуваат големи производители како Алжир, Катар и САД.

Тоа ги вклучува објектите за течен природен гас што се градат во северна Грција, а Мишел и водачите на четирите балкански земји ги обиколија денеска.

„Ние, исто така, ја санкционираме Русија за да извршиме финансиски, економски и политички притисок врз Кремљ, бидејќи нашата цел е едноставна: мора да ја скршиме руската воена машина“, порача Шарл Мишел денеска од Грција. (адаптирано од Асошијетед прес)

санкции кон Русија Словачка Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.