Обвинителката во Куманово на денешното судење направи преквалификација на делото за смртта на четиригодишниот Алмир кој беше прегазен во 2016 година пред Здравствениот дом.
Обвинетиот Бобан Илиќ наместо за убиство на Алмир, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кривично дело за кое според Кривичниот законик е предвидена максимална казна до десет години.
Прекфалификацијата на делото ја направи обвинителката на денешното рочиште во нејзините завршни зборови. Обвинителката рече дека обвинетиот Бобан Илиќ извршил кривично дело „сообраќајна несреќа“ со што ја загрозил безбедноста на пешаците, возејќи со брзина од скоро 40 километри на час.
Според неа, Илиќ не го извршил делото со умисла. Обвинителката Сузана Кусигерска посочи дека причината за ваквиот чекор е што кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле вештачењата – психијатриското и техничко-сообраќајното. Како што посочија од обвинителство, пред да се случи прегазувањето на малиот Алмир што се гледа на снимката објавена во јавноста, Бобан Илиќ и неговите брат и девојка биле физички нападнати и им го оштетиле автомобилот, но тој дел од снимката не бил објавен јавно. Девојката која била со двајцата браќа, се јавила и во полиција за да побара помош.
По денешното рочиште Илиќ е пуштен од притвор, а по излегувањето од судот како што се гледа на снимката од ТВ 21 тој покажал среден прст кон семејството на малиот Алмир.
https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1197052090424993/
Четиригодишниот Алмир беше прегазен 25 јуни 2016 година, по банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прераснала во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан Илиќ.
Во обид да избега од напаѓачите, Илиќ со својот автомобил удрил во ѕид од куќа и го прегазил детето. Семејството Алиу побара максимална казна за Илиќ. Тој, пак, тврди дека е жртва во пресметката.
На рочиштето што се одржа на 15 февруари, целиот случај е вратен од почеток.
Таткото на Алмир, Сеад Алиу и уште двајца негови роднини се товарат за насилство.
Повеќе невладини организации, граѓански здруженија и граѓани досега одржаа неколку протести пред Обвинителството, откако прво во јавноста се слушнаа информации, а потоа потврди и лично новоизбраниот државен јавен обвинител Љубомир Јовевски, дека делото убиство, во Виштото Јавно обинителство е преквалификувано во сообраќајна несреќа со смртни последици.
Јовески одговарјаќи на новинарско прашање минатиот месец рече дека случајот во Обвинителството ќе започне од почеток. Од Обвинителството оттогаш нема информација до каде е случајот, а на 2 март се одржа уште еден протест, на кој учесниците посочија дека во меѓувреме е дозволено возилото со кое е прегазен Алмир да биде продадено.
На почетокот на овој месец за деталите од овој случај во Ноќното студиот на Телма говореше адвокатот на семејството на Алмир, Асмир Алиспахиќ.
За истиот настан од пред Здравствениот дом во Куманово се води и друг случај, против три други лица (таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу) и поднесено е обвинение за сторено кривично дело насилство.