Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај ЈСП: За Чушков не е незаконски што фирмите се на иста адреса

0
By Нова ТВ on August 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 27, 2018 15:03

Постапките за набавка на електронски картички и избор на консултант за ревизија на електронскиот систем за наплата се во согласност со Законот за јавни набавки и се реализирани поради оправдана итност, соопшти генералниот директор на ЈСП „Скопје“ Кристијан Чушков на денешната прес-конференција одговарајќи на информациите објавени во јавноста за начинот на кој се спроведени овие постапки и за самите компании што се избрани.

– Станува збор за две различни постапки, во кои се избрани две различни фирми, во целосно законска постапка. Во текот на постапката согласно закон сме немале обврска да ги споредуваме адресите на кои биле основани овие фирми. Но, дури и да сме ги споределе адресите, согласно закон сме немале право да ги дисквалификуваме фирмите заради тоа што биле основани на иста адреса, додаде Чушков.

Тој објасни дека претпријатието за да спречи евентуален недостиг од овие картички и тоа во пресрет на почетокот на новата учебната година отвориле постапка со преговарање во која учествуваа три понудувачи: ИД Кардс која понуди 120 денари за картичка, Коннектел со 125 денари за картичка и досегашниот добавувач Македонски Телеком со цена од 130 денари по картичка, по што според Чушков е избран најповолниот понудувач.

Додаде дека е лажно тврдењето оти бил направен договор во четири очи. Постапката, како што рече е во целосна согласност со Законот за јавни набавки.

Поради нефлексибилноста на досегашните билети и по укажување на граѓаните, изработуваат нов систем за наплата и валидација на билети. За изработка на квалитетна техничка документација за новиот систем според Чушков бил распишан оглас за консултантски услуги. На овој оглас се јавил само еден понудувач и тој бил избран.

Повеќе медиуми вчера објавија дека две штотуку формирани фирми Идкардс и Ит Плус смарт консалтинг минатиот месец добија два тендери од ЈСП во Скопје, вредни околу 200.000 евра. Според податоците од Централен регистар, тие се регистрирани на адресата „Димо Хаџи Димов“ број 81 кое е и место на живеење на сопственикот и управител на фирмата, кои двете компании ги отворил во рок од една недела со непаричен влог од по 5000 евра.

Ит плус смарт консалтинг е формирана 20 јуни, месец и четири дена по основањето го добила тендерот од ЈСП, вреден 130.000 евра. Истиот сопственик 7 дена подоцна отворил втора фирма Идкардс, која по неполн месе добила бизнис од ЈСП вреден 78.000 евра.

 

ЈСП картички набавки тенедери фирми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.