Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „ТНТ“: Тони Трајковски не дојден на рочиште оти синоќа бил нападнат

0
By Нова ТВ on December 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 23, 2019 11:06

Ексградоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски не се појави на денешното рочиште во Кривичниот суд за случајот „ТНТ“. Синоќа пред полнок пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две лица по претходна вербална расправија. Од МВР информираат дека работат на расветлување на случајот.

Тоа беше пречка за почнување на навремено почнување на рочиштето за судскиот процес „ТНТ“ кој се однесува на уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, во кој поранешниот градоначалник на Гази Баба е третообвинет. Според адвокат, Трајковски се наоѓал во болница.

Судијата Огнен Ставрев го контактирал докторот, кој му рекол дека е во добра општа состојба и е на пат кон дома. Притоа Ставрев даде рок од еден час за Трајковски да се појави во Кривичниот суд, бидејќи во спротивно ќе биде стражарно приведен.

Од Ургентниот центар во Скопје најавија дека за кусо време официјално ќе соопштат за повредите со кои се здобил ексградоначалникот Трајковски.

По неколку блокади на ова судење, судијата Огнен Ставрев сака да го заврши процесот деновиве, бидејќи на две поротнички им истекува мандатот и судењето ќе треба да почне одново.

Првообвинет во случајот „ТНТ“ е поранешниот премиер Никола Груевски, кој пребега во Унгарија каде доби азил, потоа поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

рочиште Случај „ТНТ“ Тони Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.