Судењето за предметот „Тврдина-Таргет“ кој го води СЈО е закажано за 22.декември во Основниот суд Скопје 1.
Предметот ќе го води судијката Ленка Давиткова.
Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден обвинителен акт, првообвинети се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнвање (УБК), Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и уште десетина лица.
Тие се товарат за незаконското прислушување, што пред две години го разоткри лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој во тој момент беше прв опозиционер.
Обвинети во случајот се и началниците Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои избегаа во Грција и се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Солун, откако на 18 октомври беа уапсени на солунскиот аеродром.