Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со „Бисер Балкански“, оро и песна се славеше пласманот на ЕП 2017

0
By Нова ТВ on October 12, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 12, 2016 00:08

Видео клипови од 15 минутното шоу на младите репрезентативци на Македонија осамнаа на социјалните мрежи по триумфот против Шкотска во Скопје

 

Со стихови од „Бисер Балкански“, играње оро во прес-центарот, пеење на препознатливите навивачки песни и скандирање на името на државата, младите фудбалери ја започнаа прославата на историскиот пласман на Европско првенство, во случајот за играчи до 21 година. Македонија, конечно, дочека да поздрави една своја селекција со учество на голем настан. Вечерва на „Филип Втори“ падна Шкотска со 2:0, а во прилог одеше и триумфот (4:2) на Украина над Исланд во Рејкјавик за местење на единствената добитна комбинација во завршното квалификациско коло.

Националната арена беше одлично пополнета. Како што и се очекуваше според резултатите претходно во циклусот и важноста на натпреварот. Секој еден што одвои средства од семејниот буџет за купување на билет и, нормално, време да мине неколку часа на отворено не зажали. Од почеток до крај од трибините на стадионот се емитуваше победничка енергија, флуид што допираше и до идните сениорски репрезентативци на Македонија. На нив, пак, не им требаше долго да возвратат, да ги стоплат срцата и дланките на околу 30.000 гледачи и „монтираат“ насмевки на нивните лица што во второто полувреме ги одржуваше бдеењето на мобилните телефони и следење на развојот во Рекјавик.

Исланѓаните на полувреме водеа со 1:0 што воопшто не беше поволно по составот на Благоја Милевски, но Македонија не загуби верба во Украинците како што не губеше ниту во своите играчи во изминатиот период. Еуфорично беше дочекан првиот абер за израмнување на европскиот север што за кратко се покажа залуден бидејќи голот на гостите беше поништен поради недозволена позиција. Атмосферата спласна меѓутоа не и надежта за која велат последна умира. Во второто полувреме нов клик за 1:1 на Исланд, овојпат точен. По него уште еден и уште еден и уште еден и забавата покрај Вардар можеше да почне.

Македонија направи сензација во овие квалификациите. Ги одигра дрско и храбро, им пркосеше на, милионски, вредните ривали во групата и на крај ги остави сите зад себе. Кон Полска зачекори од првото место во Ц друштвото, ја елиминира една Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска, конкуренција што важи за извонредно силна. Ништо не ги поколеба Алексовски, Зајков, Барди, Николов, Радески, Бабунскки, Велкоски, Бејтулаи, Маркоски, Ангелов, Демири, но и клупата на која беа Шишковски, Муслиу, Ѓорѓев, Петковски, Костадинов, Мурат и Аврамовски кои беа на готовс да помогнат ако треба.

Квалификациите се завршени со само еден пораз. Беше доживеан на стартот што не делуваше демотивирачки туку напротив како да го разбуди инаетот во момците. Се издигнаа како феникс, се надминаа себеси, личното го ставија во функција на колективното, успеаја да ги соберат мислите и главите и почнаа да уриваат пречка по пречка, да решаваат предизвик по предизвик.

Во целта минаа без ниту еден пораз, со три реми и шест победи за вкупни 21 бод или еден повеќе од фаворизираните „триколори“ кои за Милевски имаат капацитет и за европски прваци и три повеќе од Исланд со кого влегоа рамо до рамо во решавачките 90 минути. Втората половина од табелата ја предводи Украина со 14 бода, Шкотска е претпоследна со 8, „фенерот“ заврши за Северна Ирска.

Квалификации за ЕП 2017
Група 3
Резултати, 10 коло: Македонија – Шкотска 2:0, Северна Ирска – Франција 0:3, Исланд – Украина 2:4.
Табела
1. Македонија 10 6 3 1 13:7   21
2. Франција     10 6 2 2 17:8  20
3. Исланд         10 5 3 2 13:9   18
4. Украина       10 4 2 4 14:12 14
5. Шкотска      10 2 2 6 8:17    8
6. С. Ирска      10 0 2 8 6:18    2

Европско Првенство 2017 квалификации млада репрезентација фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.