Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со даночно затајување стружани го оштетиле буџетот за 5,6 милиони евра

0
By Marija Todorovska on April 30, 2025 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга, поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување, со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија по основ на ДДВ во износ од 5.632.920 денари.

Првопријавениот Ш. У. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги ИНТЕРЛА увоз-извоз ДООЕЛ село Лабуништа Струга во периодот од 07 октомври 2010 до 10 февруари 2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за пријавениот правен субјект, во текот на 2021 година употребил влезни фактури со невистинита содржина за наводно извршена набавка на стоки и услуги, појаснуваат од МВР.

Фиктивната набавка се однесувала на дробен камен со транспорт, киперски гуми екстра товар, багер марка HITACHI, хидро оил ХД 46, моторно уље 15/40, диференцијал за багер Волво ЕЦБ35, црева за хидроулика за багер Волво ЕЦБ35, филтер за воздух, филтер за нафта, филтер за уље, мотор за багер со приклучни елементи, корпа за багер со заби, кардан за кипер мерцедес и еуро дизел -БС во вкупен износ од 36.926.920 денари, со вклучен ДДВ во вкупен износ од износ од 5.632.920 денари, издадени и ставени на располагање од страна на второпријавениот А. Т. во својство на управител на правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги РЕЛАКС САС ДООЕЛ Неготино во периодот од 29.04.2020 година до денес.

Првопријавениот Ш. У. во сметководстваната евиденција ги евидентирал влезните фактури и креирал побарување за ДДВ кое го употребил за пребивање односно намалување на Обврските за ДДВ со што нанел штета на Буџетот на Република Северна Македонија по основ на ДДВ по пресметковна стапка од 15,2542 % во износ од 5.632.920 денари. 

буџет ДДВ Затајување данок кривична Струга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.