Македонските ракометари го завршија учеството на Светско првенство во Германија и во Данска како што го започнаа. Со победа. Во натпревар за 15. место на т.н. „Президент Куп“, „црвено-жолтите“ го совладаа Чиле со 32:30 (полувреме: 16:16).
Националниот тим и овојпат беше предводен од Кире Лазаров со девет гола, Дејан Манасков погоди осум пати, пет додаде Стојанче Стоилов, по три додадоа Гоце Георгиевски и Филип Кузмановски, а по еднаш како стрелци се запишаа и Филип Талески, Мартин Поповски, Жарко Пешевски и Филип Лазаров. Најефикасен кај Чилеанците беше Фојхтман кој беше прогласен и за МВП на мечот.
Македонија го освојување на 15. место го повтори пласман од последното СП во Франција во 2017 година. На тековното забележа три победи – против Јапонија 38:29, против Бахреин 28:23 и против Чиле 32:30 и четири порази – од Хрватска 22:31, од Шпанија 21:32, од Исланд 22:24 и од Русија 28:30.