Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со Законот за ЈО, оживуваат и предметите во истрага на СЈО

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот законо за јавно обвинителство ги враќа во живот , не само предметите на СЈО кои се во судска процедура, односно имаат обвинителни акти пред 30 јуни во 2017 година, туку во игра се враќаат и досиејата на СЈО кои се во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30 јуни во 2017 година обвинителско-судските институции не смеат да преземаат ништо.

Имено, сите предмети кои произлегоа од прислушкуваните материјали кои ги обработуваше СЈО и по кои обвинителството започнало предистражна постапка, отворило истраги или поднело обвиненија после 30.06.2017 година, како и постапките за нив, продолжуваат без можност да се негираат пред ниеден суд. Факт е дека Врховниот суд со начелниот правен став од јануари 2019-та сите овие постапки ги негираше, повикувајќи се на изминатиот рок од 18 месеци од законот за СЈО и донесе обврзувачко правно мислење за своите совети дека за овие постапки СЈО не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија.

Во одлуката на Врховниот суд, кој беше под водство на Јово Вангеловски, се наведува: „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за СЈО, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“.

Според ова, сите предмети кои ќе стигнеа во Врховниот суд, кои ги започнало СЈО, а не поднело обвинение до 30.-ту јуни, 2017- та ќе беа поништени од страна на Врховниот суд на РСМ. Овде станува збор за предметите како што се „Талир 1“ и „Талир 2“, за кои обвинението е и на правна сила, потоа „Скопје 2014“, „Патарина“, „Актор“, „Моќник“, „Империја“, „Попис“, „Поштенска банка“, „Гасовод“ и други за кои се спроведува истражна постапка и сигурно и многу предистраги кои ги започнало СЈО, а кои согласно Законот за кривична постапка се тајни.

Ова правно мислење на Врховниот суд ќе опстојуваше и покрај фактот што Јавниот обвинител на РСМ ги презеде овие предмети затоа што тие предмети се започнати од СЈО и Врховниот суд ќе мораше да си го почитува своето мислење и овие предмети немаше да имаат своја завршница без новиот Закон за јавно обвинителство. Сведоци бевме дека стручната јавност и заинтересираните страни бараа од законодавната власт да даде автентично толкување на законот за СЈО, за тоа до кога СЈО може да отвара предмети.

Со новиот Закон за ЈО (член 108 став 2 и 3) сите предмети да продолжат во надлежните обвинителства всушност посредно се дава автетнтично толкување дека СЈО имало право да отвора предмети и по рокот од 30 јуни во 2017 година и во целост се анулира штетата од правното мислење на Врховниот суд.

Став 2: Постапките кои се започнати до влегувањето на сила на овој закон ќе продолжат согласно одредбите од овој закон.

Став 3: Предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите преземени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон.

Овие предмети, согласно одредбите од новиот Закон за Јавно обвинителство, потпаѓаат во надлежност на надлежнитете обвинителства и постапките по нив продолжуваат во истата фаза во која се наоѓаат сега предметите. Со ова мислењето на Врховниот суд беспредметно и затоа ова е најголемата придобивка од овој закон. Токму од тоа произлегува дека законот треба да обезбеди правда за сите, односно да нема привилигирани осомничени за кои СЈО, од различни причини, подоцна ја започнало постапката.

Што се однесува до користењето на незаконски прислушкуваните материјали со законот се обезбедуваат светски стандарди за таквите докази. Нема пречка судот врз основа на
праксата на домашните судови и праксата на Стразбург незаконските снимки, кога е повисок јавен интерес, да може да ги цени како доказ, се разбира со други правно валидни докази.

Врховен суд Закон за ЈО обвинителство предмети СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.