Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрани потписите за лицата со посебни потреби, акцијата продолжува

0
By Влатко Чаловски on April 25, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 25, 2017 15:39

На ниво на цела Македонија, веќе се собрани потребните потписи за поднесување иницијатива за измени во законите и подзаконските акти до Собранието за подобрување на условите на семејствата на лицата со посебни потреби.

Како што информира Зоран Мијалков од невладината организација „Сплотени срца“, акцијата, на нивно изненадување се одвива многу добро и граѓаните никогаш не биле посплотени.

– Сигурен сум дека пратениците ќе ни излезат во пресрет бидејќи се работи за деца и возрасни лица со посебни потреби. Нашите барања не го оптоваруваат Буџетот на Република Македонија. Со акцијата се гледа дека никогаш не сме биле посплотени како народ, ние конечно имаме надеж и се надеваме дека нема да ни ја срушат, вели за НОВА, Златко Мијалков.

Планот е акцијата да продолжи да се одвива на ниво на цела Македонија до петок за да се соберат уште повеќе потписи од потребното, а потоа родителите и децата ќе продолжат според првичната замисла, со уште едно симболично кампување во паркот Жена Борец спроти Собранието.

Од 20 до 23 април и секој нареден месец до формирање на нова Влада тие ќе кампираат пред Собрание, а потоа ќе одржат мирен собир по формирањето на Владата, со цел да ги потсетат политичарите, колку луѓе се засегнати од овие проблеми.

Меѓу барањата се обезбедување иднина на децата по смртта на родителите, и тоа преку нивниот имот, кој би ѝ го отстапиле на државата, а за возврат таа да се грижи за нив до крајот на животот, со обезбедување пристојни услови.

Родителите бараат отворање на дневни центри кои би се грижеле за нивните деца, за да добијат време во кое ќе можат да заработуваат за живот а со тоа да не бидат социјални случаи.

Тие бараат и и да се избрише старосната граница од 26 години, по која во повеќе закони им се ограничува државната помош на лицата со посебни потреби. Така, до 26 годишна возраст лице со пречки во развојот има право на бесплатни прегледи и лекување, како и право на посебен додаток, но по навршување на оваа возраст, лековите не се бесплатни, а го губат и правото на посебен додаток.

деца со посебни потреби Иницијатива потписи Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.