НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собрание: Насилство, дивеење, претепани пратеници и заспана полиција

4
By Нова ТВ on April 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претепани пратеници од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, 70 демонстранти, 22 припадници на полициските сили и десетина повредени новинари е епилогот на денешното насилно влегување на припадниците на „За заедничка Македонија“ во Собранието.

Демонстрантите околу 18.30 часот, откако мнозинството во Собранието го изгласа Талат Џафери за претседател влегоа во просториите на Законодавниот дом, почнаа да кршат мебел, да се закануваат и на новинари и на собраниското обезбедување и бараа да влезат во просторијата каде беа засолнети пратеници од власта и дел од новинарите.

https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/860310380786359/

Полицијата речиси никако не реагираше на насилното однесување на демонстрантите, a дел пријателски се поздравуваа со насилниците. Низ ходниците слично однесување имаа и некои од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. На пример, пратениците Васил Пишев и Љупчо Димов беа во салата за седници со демонстрантите додека овие се качуваа по собраниската говорница. Пред да почне истерувањето на демонстрантите од салата, пратеникот Илија Димовски, повика неколкумина од демонстрантите во една просторија, а пратеникот Никола Тодоров имаше барања од демонстрантите да се фотографираат, кои културно ги одбиваше. Само неколкумина од обезбедувањето на Собранието се обидоа да ги заштитат пратениците и новинарските екипи кои во моментот кога насилниците упаднаа во Собранието се беа затечени во прес- центарот каде што лидерот на СДСМ, Зоран Заев и новоизбраниот претседател Талат Џафери држеа прес-конференција.

https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/860327300784667/

Она што се случуваше пред прес-центарот беше во најмала рака вознемирувачко. Најпрво десетина лица со качулки и маски на главите насилно влетаа во холот и почнаа да се закануваат на обезбедувањето, да кршат врати и да се туркаат за да влезат во просторијата каде што се наоѓаше лидерот на СДСМ. Лице од обезбедувањето со пиштол се обиде да ги заштити го заштити просторот околу пратениците и да ги растера демонстрантите. Еден од вработените во собраниското обезбедување беше повреден, откако демонстрантите неколку пати го бутнаа на земја.

ПРАТЕНИЦИ СЕ ВЛЕЧЕА СО ШИПКИ, А ПРАТЕНИЧКИТЕ БЕА ВЛЕЧЕНИ ЗА КОСА

Откако насилниците успеаја да влезат во прес-центарот почнаа да ги напаѓаат пратениците и новинарите кои си ја вршеа својата работна задача и го следеа настанот. Демонстрантите со шипки и столици ги напаѓаа присутните, а на новинарите им ги кршеа  и одземаа телефоните и камерите.

Според она што можеше да видат новинарските екипи, нападите беа против пратениците од СДСМ, при што лидерот Зоран Заев заврши со раскрвавено чело, пратениците Максим Димитривески и Дамјан Манчевски имаа видливи повреди на главата, а најтешко повреден беше пратеникот на Алијансата на Албанците Зијадин Села. На видео снимките на Радио Слободна Европа се гледаат вознемирувачки сцени како демонстрантите ја влечат за коса пратеничката Радмила Шекеринска, и со тупаници ги напаѓаат другите пратеници на мнозинството Шеќеринска во Собранието беше нападната од постар човек, кој насилно упаднал внатре, ја удираше и влечеше за косата. На снимките се гледа идентитетот на напаѓачот. И Шеќеринска е надвор од животна опасност, како и останатите пратеници кои се потешко повредени. Новинарите кои беа заглавени во прес-центарот информираа дека пратениците Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров се обидувале да ги заштитат своите колеги кои беа нападнати.

ЕДВАЈ 50 ПОЛИЈАЦИ ГИ ШТИТЕА ПРАТЕНИЦИТЕ И СОБРАНИЕТО

Припадниците на полициските сили кои попладнево пред и во Собранието беа присутни во помал број отколку на протестот на Анима Мунди пред градоначалникот на Град Скопје не се ни обиде да ги спречи демонстрантите да влезат во Собранието. Тие слободно се шета, се сликаа, кршеа, пееја и се закануваа на пратениците и новинарите. Дел од полицајците пријателски им се обраќаа на насилниците и се поздравуваа со нив.

Возила со специјалци почнаа да пристигнуваат дури откако пратениците веќе беа повредени. Лошата реакција на полицијата ја призна и министерот за внатрешни работи кој најави дека ќе побара одговорност од сите ангажирани во Оперативниот штаб, затоа што полицијата не реагирала на време.

„Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата денеска не ја заврши работата“, рече Нухиу.

Во едно од соопштенијата на Министерството за внатрешни работи пишуваше дека на полициските сили на терен во 20.40 часот им било наредено да се упатат во Собранието и да укажат помош на повредените. Додека, пак, директорот на Бирото за јавна безбедност, денеска не одговараше на телефонските повици на новинарите кои сакаа да прашаат зошто во Собранието нема полиција.

Првата вистинска реакција на полицијата, која сме ја гледале и на други протести па дури и со помалку луѓе што протестираат и со помалку опасност беше околу десет часот кога почнаа да ги истуркуваат демонстрантите надвор од собраниските ходници.

ДЕМОНСТРАНТИТЕ СО ШОК БОМБИ РАСТЕРАНИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ЕВАКУИРАНИ

Неколку минути по десет часот од внатрешноста на Собранието се појавија специјалци кои почнаа да ги буткаат демонстрантите надвор од објектот. На ова демонстрантите почнаа да ги повикуваат и останатите кои беа надвор да им се придружат и скандираа „Живи ќе ве запалиме“. Омразата на демонстрантите кон пратениците кои беа повредени беше очигледна. Кога се дозна дека пратениците се повредени, тие со задоволство се смееја и викаа „Ако им е“, „Требале повеќе да ги истепаат“. А кога насилниците што ги тепаа пратениците излегуваа меѓу народот, тие беа поздравувани како херои.

https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/860393580778039/

Додека траеше истерувањето на насилниците од холот на Законодавниот дом, беа фрлени неколку шок бомби и во неколку наврати демонстрантите беа надвор. По десетина минути, полицијата и од задната страна на Собранието почна да фрла шок бомби со цел да ги растера демонстрантите и да ги евакуира пратениците и новинарите кои се уште беа заглавени внатре. По интервенцијата на специјалните единици на полицијата во и пред Собранието, ситуацијата во моментов е мирна. Дел од демонстрантите поставија шатори и беа решени да преноќат пред Законодавниот дом.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ НЕ ГО ОСУДИ НАСИЛСТВОТО

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во јавното обраќање не го осуди насилството над пратениците, полицијата и новинарите. Наместо тоа, тој ги повика лидерите на парламентарните партии во петок неговиот Кабинет на лидерска средба за изнаоѓање решение на ситуацијата. Тој ги повика сите на смиреност.

https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/860385780778819/

„Во овие моменти на општа загриженост Ве повикувам да останете смирени и да не подлегнувате на лажни вести и манипулации. Ве повикувам на смирување на тензиите и насилството, на разум и одговорно однесување, а сите надлежни институции мора да ги почитуваат законите и Уставот. Нема прашање за кое нема решение преку дијалог во согласност со Уставот“, рече Иванов.

Претседателот кој не дозволи новинарите да му постават прашања рече уште и дека никој друг од надвор нема да ги реши проблемите, освен самите во согласност со законите на државата.

По повикот на Ѓорге Иванов за лидерска средба која тој ја свика за утре, СДСМ испрати реакција во која се вели:

„Иванов со Груевски и Вељаноски ќе сноси одговорност за крвавото сценарио во Парламентот! Ѓорге Иванов е извршителот на Никола Груевски. Иванов работеше спротивно на Уставот и неговите должности пред граѓаните со тоа што го поддржа насилието на Груевски и заедно со Груевски и со Трајко Вељаноски свесно работеше на омраза и поделби во државата. Иванов подеднакво со Груевски и Велјаноски е виновен за крвавото сценарио во Парламентот и за тоа ќе сноси сериозна одговорност“, пишува во соопштението на СДСМ.

НОВИНАРИТЕ НАПАДНАТИ И СПРЕЧЕНИ ДА ИЗВЕСТУВААТ ЗА НАСИЛСТВОТО

Новинарката на „НОВА“, Билјана Секуловска беше нападната од демонстрантите пред Собранието. Ја влечеле за коса, ја штипеле и не и дозволувале да снима. Нападнат беше и новинарот на „Мета“, Димитар Тануров и репортерките на „Радио Слободна Европа“ и „Телевизија 21“ кои се наоѓале во прес- центарот. Досега само овие инциденти во кои беа повредени новинари беа пријавени. Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис апелираше до директорот на Бирото за јавна безбедност да им создаде новинарите услови за безбедно да ја вршат својата работа.

Новинарите кои работат во медиумите кои што ВМРО ДПМНЕ ги смета за непријатели и ги етикетира како „предавнички“ имаат тешкотии да ги следат денешните настани, а за време на протестите на оваа иницијатива имаше повеќе инциденти.

ГРУЕВСКИ ОД АВИОН ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на службен пат во Виена. Иако во неколку јавни настапи и говори на телевизиите повика на насилство и предупреди дека „народот ќе ја земе државата во свои раце и ќе ги казни пратениците од СДСМ, оти ја прифатиле таканаречената тиранска платформа“, вечерва преку Фејсбук и Твитер повика на смиреност.

„Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДСМ и оние кои сакаат да ја втурнат државата во уште подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на овие антидржвани постапки на СДСМ преку правни и политички демократски средства“, напиша Груевски.

Откако се врати од Виена, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која го осуди насилството во Собранието и побара брза истрага за затворање на поединците кои вршеле насилство врз пратениците и граѓаните. Тој исто така рече дека насилниците не треба да се мешаат со оние граѓани кои секојдневно протестираат. Според него, некој намерно ги исценирал вчерашните настани со цел прстот да се впери во ВМРО-ДПМНЕ. Груевски ја осуди и постапката на СДСМ со која според него на неделовнички начин се обиделе да изберат претседател на Собранието.

МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ГО ПОЗДРАВИ ИЗБОРОТ НА ЏАФЕРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Oсуда, повик за смирување и повик до полицијата да обезбеди безбедност за сите, реагираат високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.

„Со најсилни зборови ги осудуваме нападите кои се во тек врз членовите на Парламентот во Скопје. Насилството во Парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржување. Министерството за внатрешни работи и полицијата мораат да осигураат безбедност во Парламентот и неговите членови. Демократијата мора да продолжи по нејзиниот тек. Ние позитивно го поздравуваме изборот на Талат Џафер како претседател на Парламентот како што беше соопштено. Европската унија е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот начин да се оди напред и бараме од сите политички актери да го почитуваат Уставот во земјата и да се однесуваат во духот на демократските принципи, со здрав разум и пристојност“, велат Могерини и Хан.

Амбасадорите на ЕУ во Македонија исто така го осудија насилството во Собранието.

„Ова е време за дијалог, а полицијата треба да дејствува заштитнички. Загрижени сме за ситуацијата и сите треба да се воздржат од потпалувачка реторика, рече амбасадорот на Шведска во Македонија Мат Стафансон, кој изјавата ја даде во има на сите амбасадори на ЕУ во Скопје.

Осуда за насилството стаса вчера од Австрија и претседателството на ОБСЕ. Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, претседавач со ОБСЕ, човекот кој присуствуваше на изборните митинзи на ВМРО-ДПМНЕ, го осуди насилството преку Твитер со зборовите: „Ги осудуваме инцидентите во Скопје. Насилството мора веднаш да сопре. Потребно е да се врати смиреноста и редот.“

Стаса и соопштение од ОБСЕ од Курц и генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер со силна осуда за нападот на собраниската зграда:

„Нападот на повеќе членови на Собранието, насилниот влез во зградата на Собранието – срцето на демократијата на земјата – се шокантни. Тоа е акт на заплашување, напад врз претставниците на народот што јас без колебање го осудувам“, изјави Курц.

Заниер рече дека насилството нема место во политичкиот процес и дека тоа мора веднаш на сопре а полицијата треба да осигура безбедност за членовите во Собранието а насилниците да бидат изведени пред лицето на правдата.

Двајцата повикуваат на дијалог помеѓу политичките актери и почитување на резултатите од декемвриските избори.

Со реакција за насилниците излезе и  Американската амбасада. Во нивното соопштение тие го осудуваат насилството во Парламентот и дека насилството не е прифатлив начин на решавање на проблемите.

„Многу е важно сите партии да ги почитуваат демократските процеси и законите, и да се воздржат од насилни активности кои ќе ја влошат ситуацијата. Мнозинството пратеници го  избраа Талат Џафери, претседателот на Собранието, за време на редовна, континуирана седница на Собранието, на што сведочеа членовите на јавноста и медиумите. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата и да ги унапредуваме интересите на Македонија“, се вели во соопштението на Американската амбасада.

насилство пратеници седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.