Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието се уште не знае како ќе се трошат парите за кампањата

0
By Соња Петрушевска on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието се уште нема план како ќе ги троши парите од буџетот за референдумот.

Парите – 1,3 милион евра денеска биле префрлени на посебната сметка на Собранието.

На координацијата на пратеничките групи утринава не било договорено како ќе се распределат парите наменети за кампањата ,,ЗА“ референдумот. Можно е до крајот на неделава да се одржат средби со ДИК и со претставници на Агенцијата за медиуми за да се договори на кој начин ќе се делат парите за кампањата.

41 процент од вкупната сума (повеќе од 500.000 евра) ќе се вратат во буџетот, откако пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ побара парите наменети за нив да се пренаменат за други цели.

Од Собранието денеска одговорија дека ,, парите не можат да се пренаменат за други цели, односно ќе останат неискористени“.

Претходно, 71 пратеник го известија претседателот на Собранието дека се во коалицијата „За референдум“, што е 59 проценти од времето за повластено рекламирање во медиумите.

Според планот на Агенцијата за медиуми, поддржувачите на кампањата „За“ референдумот имаат 5,3 минути за рекламирање во еден час.

Од ВМРО ДПМНЕ се уште не се изјасниле официјално каков е ставот за референдумот.

Мицкоски вчера од протестниот собир во Кичево навести дека и до денот на гласање на референдумот, ВМРО ДПМНЕ можеби ќе остане без конкретен став.

„Кој е Христијан Мицкоски да му каже на народот што треба да прави. Да се обидува да го замајува со скапи маркетиншки трикови и странски PR советници. Кој ми го дал мене тоа право?! Моментот кога одбрав да влезам во политиката, свесно одбрав да бидам слуга на тој мој народ и така ќе продолжам да бидам“, кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски на почетокот на месецов рече дека партијата ќе го соопшти ставот за рефрендумот околу 10 септември.

кампања пари референдум Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.