Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието со продолженија на шест седници: Најпрво Џафери ќе ја констатира оставката на Заев

0
By Sashko on December 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 23, 2021 08:05

Во Собранието за денеска е закажана седница за пратенички прашања, како и продолжение на уште пет други собраниски заседанија.

За 11 часот во Големата сала е закажана 55-та собраниска седница, на чиј дневен ред е само точката за Поставување на пратенички прашања. Според најавите, пред оваа седница се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја констатира вчера доставената оставка на премиерот Зоран Заев.

По неа, во 12:30 часот е закажано продолжение на 25-та седница, на чиј дневен ред меѓу другите е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка во второ читање, поднесен од пратениците Зиадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, Абдула Салиу, Елми Азири, Халил Снопче, Илире Даути, Атнан Незири, Артина Ќазими, Хусни Исмаили и Африм Гаши.

За 12:40 часот е закажано продолжението на 43-та собраниска седница, на која меѓу другото пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка во второ читање, поднесен од Маја Морачанин, Моника Зајкова и Павле Трајанов, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование во прво читање, поднесен од Ѓорѓија Сајкоски, Силвана Ангелевска, Благица Ласовска, Велика Стојкова – Серафимовска, Лидија Петкоска, Дафина Стојаноска, Иван Јорданов, Бране Петрушевски, Ангелинка Петкова, Марија Петрушевска, Љупчо Пренџов, Дарко Костовски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Иванка Василевска, Здравко Трајанов, Миле Лефков, Тимчо Муцунски, Антонијо Милошоски, Златко Пенков, Игор Здравковски, Даниела Христова, Олга Лозановска, Ане Лашкоска и Петар Ристески.

За 12:50 е закажано продолжението на 54-та седница на чиј дневен ред меѓу другите се предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Законот за државјанството на Република Северна Македонија, како и Предлогот на закон за дополнување на Законот за матичен број. Сите три закони се носат по скретена постапка.

Во 13 часот е закажано продолжение на 57-та седница на чиј дневен ред се и два предлог-закони за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од коронавирусот, како и предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за данокот на додадена вредност. Сите закони се предложени по скратена постапка.

На крај, во 13:10 часот е закажано продолжение на 50-та собраниска седница, на чиј дневен ред, меѓудругото, се Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и предлозите на закони за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат и на Законот за јавни претпријатија и двата во прво читање.

Македонија седници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.