Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниската комисија за буџетот ќе продолжи, ќе ја води Ковачевски

0
By Нова ТВ on December 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2017 11:51

Откако Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно ја одложи собраниската Комисија за финансирање и буџет, спикерот Талат Џафери одлучи Васко Ковачевски од владејачкото мнозинство да ја преземе седницата, така што денеска во 13 часот таа ќе продолжи.

– Ова беше неизбежен чекор, бидејќи сите сме сведоци дека изминатава недела секојдневно седниците беа закажувани и откажувани, а роковите течат. Наша обврка е да ја запазиме процедурата за усвојување на еден од најважните документи, од кој зависи целокупното функционирање на државата, изјави денеска Ковачевски, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на седницата.  Доколку Лилјана Кузмановска одлучи да се вклучи во работата на Комисијата може во секое време да продолжи да претседава со неа.

Комисијата за финансирање и буџет ја почна расправата за Предлог-буџетот за 2018 година минатиот понеделник на 27 ноември и оттогаш беа закажани неколку продолженија кои не се одржаа. Кузмановска ја одложува седницата на Комисијата за Буџетот по акцијата за приведувања во врска со насилството во Собранието на 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници од нејзината пратеничка група.

Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата, според Деловникот, трае 10 работни денови. По предложениот текст поднесени се 279 амандмани.

По завршување на расправата во Комисијата, предлогот се испраќа на пленарна седница каде се расправа пет работни денови.

буџет комисија Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.