Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Согореа во желбата и неискуството: Само сет за македонските одбојкари против Финска

0
By Нова ТВ on September 12, 2019 СПОРТ
Фото: cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските одбојкари почнаа со пораз на 31. Европското првенство во Словенија, Франција, Холандија и Белгија. Финска ги доби „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:22, 23:25, 25:21) во натпревар од првото коло во групата Ц чиј домаќин е Љубљана.

Една од причините за конечниот исход во арената „Стожице“ беше и неискуството на националниот тим. Во сите четири сета беа резултатски блиску до противникот од северот на континентот, но успеаја да запишат само еден.

Во еден момент во првиот имаа и четири поени предност што, сепак, не беше доволно и за водство. Идентична беше сликата и во вториот сет, го решија во своја корист третиот, а Финците ја искористија првата од четирите меч топки на крајот (сервис грешка на Славе Наков) и по 116 минути ги освоија првите бодови во групата.

Статистички, Финска предничеше во сервисот и, особено во блокот и одлично ги валоризира двата сегмента. Македонските одбојкари губеа, но и освојуваа поени во серија. Еден од најзабележителните во во третиот и во четвртиот сет беше Ристо Николов и на сервис и на блок, а затаи ефектот на капитенот Никола Ѓоргиев и на Александар Љафтов во последниот период од натпреварот.

Ѓоргиев, Николов и Љафтов реализираа по 14 поени, два помалку од нив реализира Филип Маџунков. Најефикасен во мечот беше Финецот Урпо Сивула со 17 поени.

Русија ја оправда фаворитската улога во мечот со Турција и славеше со 3:1 (по сетови: 25:13, 23:25, 25:17, 25:15), а од 20.30 часот Словенија и Белорусија ќе го комплетираат првото коло во групата Ц.

Македонската репрезентација утре попладне (17.30 ч.) ќе игра против Турција во потрага по првата победа на шампионатот.

ЕП во одбојка (м)

Група А (Франција)

Бугарија – Грција 3:0 (25:22, 25:16, 25:20)

Португалија – Италија 0:3 (21:25, 10:25, 22:25)

Франција – Романија (20.45 ч.)

Група Ц (Словенија)

Турција – Русија 1:3 (13:25, 25:23, 17:25, 15:25)

Финска – Македонија 3:1 (25:23, 25:22, 23:25, 25:21)

Словенија – Белорусија (20.30 ч.)

ЕП 2019 Македонија Одбојка (м) Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.