Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солидарност без граници: Знамето на Либан на градското Собрание на Тел Авив

0
By Нова ТВ on August 5, 2020 ВЕСТИ
Фото: jewishpress.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 5, 2020 22:32

Либанското знаме ја покри фасадата на градското Собрание на Тел Авив на плоштадот „Јицак Рабин“ во ретката израелска демонстрација на солидарност со Бејрут по вчерашната разорна експлозија.

Агенцијата „Ројтерс“ известува дека знамето е истакнато и покрај тоа што Израел и Либан технички се сè уште во војна што трае со децении, иако Израелците за најголем непријател ја сметаат муслиманската шиитска вооружена група Хезболах што ја поддржува Иран. Градоначалникот на Тел Авив, Рон Хулдај, сепак, изјави дека „хуманоста е пред секаков друг конфликт“.

Фото: profimedia/Yasser al-Zayyat

На тој начин, Тел Авив се придружи на градовите кои со идентични или слични гестови изразија солидарност со Либанците кои веќе оплакуваат 115 лица, а бројот на жртвите од стравичната експлозија постојано расте. Во боите на либанското знаме осамнаа и кулите во Кувајт, а меѓу првите фотографии на социјалните мрежи беше и пирамидата во Гиза во знак на солидарност на Египет со Либан.

 

Ноќ по експлозијата на градското пристаниште во Бејрут, либанското знаме заврши и на познатата Бурџ Калифа во Дубаи, на најпознатиот хотел во Доха, како и еден од најпознатите симболи на Техеран.

Бејрут експлозија Знаме Либан Солидарност Тел Авив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.