Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солскјер по поразот од Арсенал: Има мечеви што незаслужено ги добивате, но и незаслужено ги губите

0
By Нова ТВ on March 10, 2019 СПОРТ
Фото: arseblog.news
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 10, 2019 23:31

Арсенал го доби дербито за Лигата на шампиони, а Оле Гунар Солскјер, конечно, почувствува горчина на пораз во Премиерлигата. „Топчиите“ на „Емирати“ го совладаа Манчестер јунајтед со 2:0 во 30 коло и останаа на курсот за престижното натпреварување на УЕФА.

Гранит Џака во 12. минута и Пјер Емерик Обамејанг во 69. минута од пенал им пресудија на „црвените ѓаволи“ за кои ова е прв првенствен пораз од 16 декември и разделбата со Жозе Мурињо.

Но, Норвежанецот е задоволен од играта на Манчестер јунајтед во Лондон и смета дека поразот е незаслужен.

„Во изминатиот период имаше натпревари што го добивавме, а не заслуживме победа. Овојпат загубивме натпревар во кој не заслуживме пораз. Меѓутоа трите бода одат кај нив, не кај нас. Одиме натаму. Нè чека меч против Вулверхемптон во купот што е голем за нас“, рече норвешкиот менаџер на клупата на Манчестер јунајтед.

Тимот од „Олд Трафорд“ падна на петтото место на табелата со 58 бода, два помалку од Арсенал кој сега е четврти. Шансите за финиш меѓу најдобрите четири во Премиерлигата се присутни, мисија што не е невозможна во осумте кола колку што преостануваат до крај на сезоната.

„Почнавме бавно и можеби тоа беше последица на заморот од Париз. Но, и во таква ситуација креиравме шанси, имавме посед на топка, ја погодивме рамката од голот. Првиот гол секогаш го одредува текот на натпреварите, а тие имаа голман кој бранеше извонредно. Овој пораз, сепак, не треба да нè поколеба. Како поранешен напаѓач знам дека Лукаку и Рашфорд беа фантастични меѓутоа стативата, голманот или Гранит Џака нè блокираа. Секогаш се испречуваше нешто пред голот. Може да бидеме разочарани од резултатот, но никако од играта“, додаде Солскјер.

Норвежанецот застана и во одбрана на Давид де Хеа и истакна дека првиот гол не е негова грешка. За досудениот пенал од кој Арсенал го постигна вториот гол и ги запечати трите бода изрази лично мислење дека не е оти, според него, немало доволно интензитет во контактот на Фред врз Лаказет. Покрај пофални зборови за своите играчи, Солскјер не штедеше комплименти и за противничките како на пример за Бернд Лено за кого рече дека е одличен голман, а Гранит Џака го спореди со Бразилец.

Премиерлига, 30 коло

Арсенал – Манчестер јунајтед 2:0

Челзи – Вулверхемтпон 1:1

Ливерпул – Барнли 4:2

Манчестер сити – Вотфорд 3:1

Саутемптон – Тотенхем 2:1

Њукасл – Евертон 3:2

Лестер – Фулам 3:1

Кардиф – Вест Хем 2:0

Хадерсфилд – Борнмут 0:2

Кристал Палас – Брајтон 1:2

Табела: Манчестер сити 74, Ливерпул 73, Тотенхем 61, Арсенал 60, Манчестер јунајтед 58, Челзи 57 (-1), Вулверхемптон 44, Вотфорд 43, Вест Хем 39, Лестер 38, Евертон 37, Борнмут 37, Њукасл 34, Кристал Палас 33, Брајтон 33, Саутемптон 30, Барнли 30, Кардиф 28, Фулам 17, Хадерсфилд 14.

Арсенал Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.