Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Солун – градот што е ничиј и сечиј и натаму во пост-ковид мамурлук 

0
By Mirjana on July 12, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 12, 2021 13:40

Некогашната ,,Виa Игнатиа“ по која во минатото патувале царските писма, карваните со разно-разна стока, како и трговците и која низ времето придонесла за спојување на Истокот и Западот, до ден денешен е најатрактивната и водечка шопинг улица во Солун, задржувајќи го истото име од дамнешните времиња а со тоа и симболиката на продавањето и купувањето, на,,алаш-вериш“нагодбите од што на крајот се задоволни сите и тие што купиле и тие што продале.

Стотините ,,low cost“ продавници распослани по должина од 1,2 километри, по ,,заспаноста“ за време на траењето на корона вирусот, сега како да излегуваат од зимскиот сон. Во неа денеска продолжува да се одвива животот како ништо да не се случило.Некои од сопствениците велат дека домашните купувачи од Грција не го заборавиле Солун. А, некои кои што преминале на онлајн продажба вешто ја одржувале кондицијата со и онака силната конкуренција на трговските центри.

На „Виа Игнатиа“ и натаму егзистира ,,олд-базарот“ па може да се купи подзастарени производи, како на пример цд-а со стара музика, стари дискови, грамофони, радија, како и стари книги, плочи, уникати за кој сте сметале дека повеќе не постојат. Тука се и дуќаните за тату, фризерај, шминка и др…

Нa Тсимиски улицата, пак се наоѓаат најпознатите интернационални брендови како Pull&Bear, Zara, Stradivaris, H&M, Bershka, Stefanel,Zizel my shop, Peter sport, Intersport Athletics, Gant store и други. Тука е лоциран и познатиот шопинг центар Attika. Можете да уживате во познатите брендови DKNY, Love Moschino, Zadig & Voltaire, Furla, Michael Kors, Burberry,Hugo Boos, Zegna,Paul Smith,Lacoste,Timberland,

Calvin Klein, Dsquared2, Tommy Hilfiger, Diesel, Replay, Converse. Како и  козметичкиte куќи Dior, Estee Lauder, Clinique, MAC, Lancome, YSL, Bobbi Brown. Може да се рече дека на овиe улици се прави промет кој што допира до половина износ  од нашиот годишен буџет.

Атрактивноста на ,,Виа Игнатиа“ ја збогатуваат и низата нови модерни трговски центри на улиците ,,Митрополис“,,Агиа Софиа“,,Димитриу Гоунари“,кои се локомотивата која и  натаму  го влече шопинг-возот на солунската а со тоа и на грчката економија.

А,кога сме кај туристите тие се враќаат полека и срамежливо. Иако првите податоци не се баш најохрабрувачки,сепак српските државјани и натаму се на пиедесталот ,,резервиран“за шампионите во шопингот и туризмот. Владее огромна носталгија за бројот од над еден милион гости, кои секоја година до 2019 го ,,напаѓаа “ Халкидики, остварувајќи бројка од повеќе милиони ноќевања. Денеска присуството на гости од Србија и Северна Македонија се ,,мери“со илјади, па едвај да се регистрирани околу 150 илјади годишно-одморци досега. Дури ни корегираните цени надолу, на производите не го намамува засега  во поголема бројка балканскиот турист

А, други туристи речиси и да нема. Тие од Бугарија и од Романија и без тоа немаат традиција за летување во Грција, па така и годинава бројката е незначителна иако важат за земји со полиберални услови за влез кај нашиот јужен сосед.

Уште еден сериозен проблем го мачи Солун, а тоа е паркингот. За да се напиете кафе и да посетите некои од споменатите продавници, сместувањето на вашиот автомобил ќе ве чини од 4 до 8 евра за час. Кафето на плоштадот ,,Аристотел“ е 3,5 евра, додека во познатата слаткарница со над тривековна традиција именувана како,,Ма-До“што е изведено име од најпознатиот турски сладолед,,Марас Дондурма“ е и поскапо.Направен од козје млеко со преливите од салеп го чинат овој десерт еден од најубавите на овие простори. Цените се високи, меѓутоа вкусот на сладоледот измешан со ,,вкусот“на Егејско Море е нешто што треба да се доживее.

Мирјана Трпческа

постковид Солун туристи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.