Во годината одбележана со војна, рецесија и во која сѐ уште се чувствуваат економските последици од пандемијата со Ковид-19, неколкумина стопанственици успеале да го зголемат своето богатство. Српски Неделник објави листа со најбогатите 100 на Балканот, на која има дури 18 милијардери, а еден од нив е и сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци, Илија Гечев.

Со богатство во вредност од една милијарда и 54 милиони евра, Гечев е на 18-то место на листата на најбогатите луѓе на Балканот, која пак ја предводат Хрватот Дубравко Гргиќ, водечкиот акционер на Аграм Група со богатство од 2 милијарди и 840 милиони евра, а по него се Србите Миодраг Костиќ со 2 милијарди 779 милиони евра богатство, и Мирослав Мишковиќ која има само 120.000 евра помалку.

Со 2 милијарди и 270 милиони евра на петтото место на листата е и 34 годишниот Мате Римац, иноватор и основач на Римац автомобили, компанија за производство на спортски електрични возила. Пред Римац, се основачите на комуникациската Ифобип, Силвио и Роберто Кутиќ и Изабел Јелениќ со богатство од 2,5 милијарди евра.