Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопственици на ноќни клубови со најава за граѓанска непослушност: Ако власта остане глува на нашите барања, отвораме самоиницијативно

0
By Sashko on October 20, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопствениците на ноќни клубови во земјава вечерва од состанокот во Штип најавија граѓанска непослушност и дека доколку Владата остане глува на нивните барања за отпочнување со работа, самоиницијативно ќе ги отворат клубовите од наредниот викенд. На состанокот присуствуваа претставници на 20 ноќни клубови.

Горан Арсовски, претставник на Здружението на ноќни клубови, изјави дека одлуката ја носат како резултат на „целосната дискриминација на ноќните клубови од власта“ и како што вели, по неколкуте неуспешни обиди за состанок со нејзини претставници, на кој би се дискутирало за нивниот опстанок.

Најпрво да се избегнат манипулациите и спинување на вистината, како и претставувањето на ноќните клубови, како причинители за ширење на заразата, би сакале да ја информираме јавноста за целиот тек на настаните од започнувањето на пандемијата. Ноќните клубови во затворен простор во Македонија се единствените во целиот регион и во целиот свет кои со одлука на Влада се во целост затворени и не работат повеќе од 19 месеци. Единствено кај нас не се најде начин и решение да работат со соодветни протоколи за работа, тврди Арсовски.

Тој посочи дека „се останато си работи нормално“, како воопшто да нема коронавирус, а помали капацитети од нивните со доста понебезбедни услови од условите што тие можат да ги обезбедат ја преземале улогата на организатори на забави.

Немаме никаква финансиска помош, како најпогодени од оваа пандемија, и принудени сме секој сам од себе, како знае и умее да ги сервисира режиските трошоци, како и ратите за земените кредити од развојна банка кои беа понудени како помош. Дојде ред тие да се отплаќаат, а ние сè уште не работиме. Сакаме да ја информираме јавноста дека за сите овие 19 месеци во кои не работиме, Владата ни даде минимална финансиска помош која се однесуваше само за два месеца. Ние сакаме да започнеме со работа со соодветни протоколи, во иста мера ригорозни како останатите кафе барови и ресторани, односно со 50 отсто од капацитетите на објектите и само со лица кои поседуваат сертификат за имунизација, односно вакцинирани лица и доказ за прележани од ковид-19 во изминатите 30 дена, рече Арсовски.

Сопствениците на ноќни клубови забележуваат дека не ја гледаат логиката граѓаните да се вакцинираат, а тие повторно да се затворени.

Како и што не ја гледаме логиката секојдневно да сведочиме на забави и „евенти“ кои се одржуваат во кафе барови, кога единствената разлика е во работното време, а ние да не можеме да работиме, иако секоја година плаќаме лиценци и сме специјализирани за тоа. Во летниот период се дозволија настани и работа на летните дискотеки по што се покажа дека со почитување на соодветни протоколи, нивната работа воопшто немаше удел во покачување на бројките на новозаразени, што директно укажува на фактот дека ние не сме причинители на ширењето на заразата, додаде Арсовски.

Според сопствениците на ноќни клубови, изминатите неколку недели во текот на изборната кампања на митинзите имаше присуство на илјадници граѓани, а каде, како што велат, не постоеше никаков безбедносен протокол, ниту во делот на присуство на имунизирани лица, ниту во делот на носење на маски, ниту пак во делот на одржување на физичко растојание.

„Па би сакале да ја прашаме власта која е логиката за ние да не заслужуваме да добиеме протокол за работа, а политиката да не страда и да собира по илјадници лица на едно место. Ја известуваме власта и Комисијата за заразни болести да престанат со селективното однесување како воопшто да не постоиме и во текот на оваа недела да ни дадат термин за состанок на кој ќе се разговара за нашето работење. Во спротивно ќе бидеме принудени по пат на граѓанска непослушност да ги отвориме клубовите, за што би можеле да одговараме кривично, како да сме криминалци, а не бизнис субјекти кои бараат излез од целата ситуација да преживеат, да опстанат, да работат и да плаќаат даноци“, порачаа членовите на Здружението на ноќни клубови.

барања Влада Граѓанска непослушност Македонија Ноќни Клубови Состанок Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.