Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состанок на Г7 во Кананаскис – несогласувања за Украина, нејасни реакции за Иран, конфузија за царините

0
By Zoran Ivanov on June 18, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу лидери се обидоа да ги решат своите трговски спорови со Трамп. Но, на враќање од самитот, Трамп се пожали дека партнерите на САД, особено Европејците, во моментов не нудат фер договор.

Состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина.

САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела строг јазик со кој ќе се осуди Русија. Тие тврдеа дека сакаат да ја зачуваат својата способност за преговори со Русија. На крајот, строгиот јазик не беше вклучен во заедничката изјава на лидерите, туку само во онаа на домаќинот на состанокот, канадскиот премиер Марк Карни.

-Некои од нас, вклучително и Канада, би сакале да одиме понатаму, призна канадскиот премиер, кој беше домаќин на состанокот. Тој нагласи дека сите се согласиле, сепак, дека притисокот врз Русија мора да продолжи, вклучително и преку финансиски санкции.

На состанокот учествуваа и лидери од други земји, како што се Мексико, Бразил, Австралија и Индија. На вториот ден од форумот на Г7 во Канада, пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сепак, состанокот беше засенет од конфликтот на Блискиот Исток, што доведе до порано заминување на Трамп.

Зеленски одржа состанок со лидерите на другите земји од Г7, на кои потсети за смртоносниот руски напад врз Киев, во кој загинаа 18 лица, а повеќе од 151 беа повредени.

-Подготвени сме за мировни разговори, за безусловен прекин на огнот. Затоа ни е потребен притисок (врз Русија)“, рече Зеленски.

За време на состанокот, Карни рече дека Канада ќе ѝ обезбеди на Украина воена помош во износ од 1,27 милијарди евра. Дел од овие средства ќе бидат за дронови и оклопни возила.

Канада и Велика Британија објавија санкции за тајната флота на Русија, која се користеше за заобиколување на меѓународните санкции против Русија. Но, на првиот ден од самитот, Трамп рече дека санкциите не се само работа и дека ќе дојдат со огромна цена за Соединетите Држави.

Многу лидери се обидоа да ги решат своите трговски спорови со Трамп. Но, на враќање од самитот, Трамп се пожали дека партнерите на САД, особено Европејците, во моментов не нудат фер договор.

Единството околу Иран, во меѓувреме, се распадна во форма на размена на коментари меѓу Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон објасни дека Трамп го напуштил самитот на Г7 порано за да се обиде да посредува во прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Иран. Овој обид да зборува во име на Трамп го иритираше американскиот претседател, кој рече дека Макрон е добар човек, но никогаш ништо не разбирал. Тој додаде дека Иран мора безусловно да се предаде. Макрон предупреди дека секоја промена на режимот во Иран преку војна ќе доведе до хаос во таа земја. Макрон вчера изјави дека не го вознемируваат критиките од Трамп.

Текстот е сопственост на МИА.мк

Г7 Иран Состанок Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.