На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.