Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на национална безбедност за Ковид-19: Ќе има ли вонредна состојба и што со изборите

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност на која ќе се разговара за актуелната состојба со коронавирусот во земјава. На седницата ќе присуствуваат и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на ГШ на Армијата, Васко Ѓурчиновски.

Претседателот Пендаровски на прес-конференција во петокот најави дека државата има три опции на располагање. Првите две што се однесуваат на ангажман на армијата и прогласување кризна состојба што се веќе воведени во општините Дебар и Центар Жупа, од каде се најголемиот број досега на заболени.

Трета опција е прогласување на вонредна состојба со цел заштита од загрозување на здравјето на граѓаните од поголем обем, но шефот на државата рече дека, според него, засега нема потреба од тоа. Но, како што потенцира, допушта дека може да има и други информации и можеби ќе треба да се размислува и во таа насока.

Се очекува на седницата да стане збор и за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Партиите до 22 март, како што најавија, ги ставија под мораториум теренските активности за изборите.

Претседателот на државата, најавувајќи ја седницата на Советот за безбедност, истакна дека и ако се одложат изборите за месец или два тоа нема да биде пропаст на светот, додавајќи дека евентуалната одлука за одложување на изборите треба да се донесе со консензус на сите политички страни.

Според него, може да се спроведе кампања на социјалните мрежи, но, како што рече, постојат категории на граѓани кои немаат пристап до социјалните мрежи.

„Според сите препораки од ОБСЕ и други организации, граѓаните мора да бидат добро, сеопфатно и целосно информирани за да донесат одлука на ден на избори. Јас имам резерва за денот на избори. На нашите парламентарни избори во просек гласаат милион луѓе на 3.000 гласачки места, со пет члена во одборите. Ден претходно се спроведува гигантска операција за пренос на материјалот и на крајот материјалот се предава на изборните комисии кога се калкулираат резултатите“, рече Пендаровски.

Досега, како што додаде, во светот не се спроведени избори во ваков амбиент, освен во Израел, каде инфицираните гласаа на посебни гласачки места.

„Таму сите беа облечени со скафандери, имаше медицински тимови, но тоа беше направено за мала бројка на луѓе“, рече Пендаровски.

Околу можноста за воведување вонредна состојба, шефот на државата рече дека ситуацијата е уникатна и оти нема случај за време на прогласена пандемија да се организираат избори. Членови Државната изборна комисија (ДИК) вчера побараа од партиите и од Владата да ја преиспитаат одлуката за изборите, бидејќи здравјето на граѓаните е пред се.

Избори 2020 Коронавирус седница Совет за безбедност Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.