Избегнувајте маски со вентил. Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки што го содржат вирусот. Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас од Ковид-19, напиша на својот Фејсбук профил, сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Носете медицински маски, посочува таа, ако имате Ковид-19, ако се грижите за лица болни од Ковид-19, ако имате над 60 години или ако имате хронично заболување.

„Да останеме безбедни и да се заштитиме од Ковид-19. Чувајте се“, апелира Ѓоргиевска.