Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на обвинители ќе одлучува кој може да го наследи Зврлевски

0
By Нова ТВ on November 1, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 1, 2017 09:29

Советот на јавните обвинители денеска на седница  ќе ги разгледува поднесените пријави на огласот за Јавен обвинител на Република Македонија.

Во соопштението, се наведува дека по седницата Советот ќе даде мислење за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот.

Владата на РМ на 20 октомври ги достави апликациите на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители.

На огласот за државен јавен обвинител пријавени се 23 кандидати.

Кои се кандидатите

Од позвучните адвокатски имиња се пријавиле: Ѕвонко Давидовиќ, Александар Тортевски, Еленко Миланов, Тони Менковски, Арбен Гоља, Кирил Смичковски, потоа, поранешниот судија Валентин Зафировски, поранешниот обвинител Александар Наков, судијата д-р Лазар Нанев…Од редот на обвинителската фела, кандидатура поднел и членот на Советот на јавни обвинители и  заменик во Републичкото јавно обвинителство, Љупчо Јовевски, како и обвинителката од организиран криминал, Лидија Раиќевиќ. На листата  на пријавени се и нотарката Лорија Ваневска, Сефула Османи, Крсте Крајовски и други.

Во правосудните кругови најголеми шанси му се даваат на Јовевски, како човек  од „внатре“, кому добро  му се познати проблемите на фелата. Јовевски  претходно работеше  и како судија и  четири години  беше претседател на Основниот суд-Скопје 2. Добро котираат и адвокатите Давидовиќ и Тортевски, но клучниот избор ќе  зависи од тоа дали ќе се оди на внатрешно или надворешно решение.

Постапка за избор

Советот на јавни обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена треба да и достави позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот.

Владата, пак, потоа до Парламентот доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати, за кои Советот дал позитивно мислење.

Во случај Советот на јавни обвинители во рок од 15 дена ако не даде мислење за предложените кандидати, течат нови 15 дена. Доколку и тогаш не се изјасни, тогаш се смета дека мислењето на Советот е позитивно.

Доколку Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш Владата може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Владата на седница ги разгледува кандидатите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. По тоа одлуката оди во Собрание како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

Новиот државен јавен обвинител треба да дојде на местото на Марко Зврлевски кој беше разрешен од Собранието на 17 август годинава. До назначувањето нов јавен обвинител, времено функцијата ја извршува Лилјана Спасовска.

ЈО кандидати седница Совет на јавни обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.