Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП 2018: Доцнат работите на стадионите во Волгоград и Нижни Новгород

0
By Нова ТВ on October 31, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градежните зафати на стадионите на кои ќе се играат натпревари на наредното светско фудбалско првенство доцнат и, како што пишува на интернет страницата на Владата на Русија, наместо до декември 2017 година ќе финишираат во 2018 година. Ова особено се однесува на објектите во Волгоград и во Нижни Новгород. Во соопштението не е прецизирано кога точно ќе завршат.

Организаторите на мундијалот во 2018 година засега молчат по ваквите најави, но претходно порачаа дека сите стадиони ќе бидат подготвени за настанот. Русија и во изминатиот период се соочуваше со одложување на работите на стадионот во Санкт Петербург чиј капацитет треба да биде проширен на 68.000 седишта.

Мечеви на светското првенство во Русија ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови. Два се наоѓаат во Москва. Едниот е стадионот „Лужники“ (капацитет 81.000) и вториот е новата „Откритие арена“ (капацитет 45.360), новиот дом на Спартак. Останатите градови домаќини се Санкт Петербург (стадион „Крестовски“ – капацитет 68.134), Екатеринбург (стадион „Централ“ – капацитет 35.000), Калининград („Калининград арена“ – капацитет 35.000), Казан („Казан арена“ – капацитет 45.379), Нижни Новгород (стадион „Нижни Новгород“ – капацитет 44.899), Волгоград („Волгоград арена“ – капацитет 45.568), Самара („Самара арена“ – капацитет 44.918), Саранск („Мордовија арена“ – капацитет 45.015), Ростов на Дон („Ростов арена“ – капацитет 45.000) и Сочи (олимписки стадион – капацитет 47.659).

Мундијалот во Русија ќе почне на 14 јуни и ќе трае до 15 јули во 2018 година.

Русија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.