Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Шеста шампионска титула за Франција

0
By Нова ТВ on January 29, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 29, 2017 19:22

Франција е нов светски ракометен првак. Тронот што „триколорите“ го зазедоа во Катар пред две години го одбранија попладнево во распродадената „Берси арена“ во Париз. Во финалето ја совладаа Норвешка со 33:26 (полувреме 18:17) и ја освоија шестата шампионска титула.

Најефикасен во мечот за златниот медал беше Никола Карабатиќ со 6 гола, по пет постигнаа Мае, Гигу и Порт. Норвежаните одлично се држеа во првата третина од средбата. Имаа водство и со три гола разлика и останаа конкурентни по првиот дел. Но, не издржаа во продолжението.

Како домаќинот нагазуваше на гас, така нивната игра се распаѓаше и по одличните 30 минути, на крајот мораа да се помират и со убедливиот пораз. Тонесен беше нивни прв стрелец со пет гола, Хансен, Бјорнсен и Мирол реализираа по четири.

Бронзениот медал го освои селекцијата на Словенија која во утешното финале, по голем пресврт во второто полувреме, триумфира против Хрватска со 31:30.

Македонија го освои 15 место на шампионатот. Во фазата по групи в Мец, „црвено-жолтите“ забележаа победи над Тунис и Ангола, порази од Словенија и од Шпанија и реми со Исланд. Во осминафиналето беа поразени од, сега сребрената репрезентација на турнирот, Норвешка со 24:34.

Норвешка СП во ракомет финале Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.