Одлична игра и голема победа на Црна Гора во воведниот настап на 23. Светско првенсто во ракомет за жени во Германија. Во дербито на групата Ц, во Олденбург, Црногорките ја совладаа Данска со 31:24. Свое гол-шоу притоа имаше Јованка Радичевиќ која немилосрдно ја „решеташе“ мрежата на Сандра Тофт. Вардаровото десно крило го заврши настапот со 12 погодоци и уште по првото коло најави кандидатура за најдобар стрелец на турнирот.
Победнички вовед на мундијалот и за преостанатите репрезентации од просторите на поранешна Југославија. Словенија со 24:23 ја порази Франција со Амандин Лејно и Александра Лакрабер во групата А, а Србија ја понижи Кина со 43:23 во Д конкуренцијата. Најефикасна српска ракометарка беше Сања Дамњановиќ, екс вардарка, со осум гола, Драгана Цвијиќ постигна четири.
Триумф во премиерата и за бранителот Норвешка чија селекција ја оправда фаворитската улога во дуелот со Унгарија (30:22).
Ракомет СП 2017 – Германија
Група А
Романија – Парагвај 29:17
Франција – Словенија 23:24
Шпанија – Ангола 28:24
Група Б
Чешка – Аргентина 28:22
Шведска – Полска 30:33
Норвешка – Унгарија 30:22
Група Ц
Русија – Тунис 36:16
Бразил – Јапонија 28:28
Данска – Црна Гора 24:31
Група Д
Германија – Камерун 28:15
Србија – Кина 43:23
Холандија – Јужна Кореја 22:24