Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ватерполо (м): Четврта мундијалска титула за Италија

0
By Нова ТВ on July 27, 2019 СПОРТ
Фото: swimswam.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 27, 2019 14:15

Машката ватерполо репрезентација на Италија е нов светски шампион по победата над Шпанија со 10:5 (по четвртини: 2:2, 3:1, 3:1, 2:1) во финалето на СП во спортови на вода во Гвангжу, Јужна Кореја. „Азурите“ на тој начин стигнаа до четрвта мундијалска титула во историја, втора што ја освојуваат по триумф над шпанските колеги по онаа од 1994 година во Рим. Првата ја освоија во 1978 година, а на највисокото место на подиумот се искаќија и во 2011 година.

Бронзениот медал го освои Хрватска, чија селекција отпатува на СП 2019 како бранител на тронот. „Коцкестиот“ национален тим во мечот за третото место на турнирот ја порази Унгарија со 10:7. На петтото место, пак, заврши Србија по триумфот над Австралија со 13:9 додека Грција во натпревар за седмата позиција беше подобра од Германија со 11:6.

Со самиот пласман во финалето, Италија и Шпанија обезбедија настап и ватерполо турнирот на Олимоиските игри во Токио во 2020 година на кој сигурни учесници засега уште се Јапонија како домаќин, Австралија како шампион на Океанија и Србија како победник во Светската лига. По едно место ќе пополнат азиските квалификации во Алмати од 12 до 15 декември и европските во Будимпешта што ќе се играат од 12 до 26 јануари догодина.

Последните четири билети за ОИ 2о20 во Токио ќе бидат адресирани по светскиот квалификациски турнир од 29 март до 5 април.

СП во ватероло (м)

Финале: Италија – Шпанија 10:5

За трето место: Хрватска – Унгарија 10:7

За петто место: Србија – Австралија 13:9

За седмо место: Грција – Германија 11:6

Ватерполо Гвангжу Иатлија СП 2019 финале Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.