Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спалети го објаснува поразот од Сасуоло: Теренот невозможен за игра

0
By Нова ТВ on August 20, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интер е единствениот италијански претставник во Лигата на шампиони што не успеа со победа да влезе во новото издание на Серија А. Сасуоло го шокира „нероазурите“ со 1:0 за петта победа во последните седум меѓусебни пресметки.

Екипата од „Џузепе Меаца“ им подари разочарување на симпатизерите кои, пак, очекуваа три бода на стартот на сезоната со оглед на многуте засилувања во летниот преоден рок. Но, наместо три бода добија бледа игра од своите миленици. Но, и „тенко“ објаснување од Лучано Спалети кој причините за поразот не ги лоцира само кај фудбалерите.

„Игравме како што моравме. Сасуоло беше ориентиран на контранапади бидејќи лесно е да се биде позади, да се чека, па да се притисне противникот. Теренот, исто така, беше невозможен за игра. Разликата е голема кога играте на терен на каков што игравме и се обидувате да имате посед на топка наместо да играте на контри. Мечот го загубивме поради пеналот“, истакна Спалети.

Парма на враќање во Серија А испушти два гола предност во дуелот со Удинезе. Конечни 2:2 на „Енио Тардини“ иако домашните имаа и ритам и 2:0 по еден час игра. Меѓутоа погодоци на Инглезе во 43. минута и на Барила во 59. минута ги поништија Де Пол во 65. минута од пенал и Фофана во 69. минута за поделба на бодовите.

Рома се враќа со големи три бода од гостувањето во Торино по минималниот триумф над истоимениот домаќин со 1:0. Победникот го реши Един Џеко со голот во 89. минута.

Серија А, 1 коло

Сасуоло – Интер 1:0

Парма – Удинезе 2:2

Болоња – СПАЛ 0:1

Емполи – Калјари 2:0

Торино – Рома 0:1

Лацио – Наполи 1:2

Киево – Јувентус 2:3

Аталанта – Фрозиноне (понеделник, 20.30 ч.)

Милан – Џенова (одложен)

Сампдорија – Фиорентина (одложен)

Интер Лучано Спалети Сасуоло Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.