Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасов: Грција ќе отстапи од максималистичките позиции

0
By Нова ТВ on February 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 26, 2018 16:05

Дали разговорите за спорот за името  влегуваат во критична фаза  – откако двете страни јавно ги соопштија своите ставови кои се крајно спротиставени и од кои велат дека нема да отстапат.

Во Нацрт спогодбата која Грција ќе и ја испорача на Македонија , грчките власти, според пишувањата на  „Та неа“, ќе предложат новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор. Документот изготвен на 20 страници, Ципрас му го претставил и на Меркел и Јункер. Во грчката нацрт спогодба се содржани четири од петте имиња од почетниот пакет идеи на Нимиц, бидејќи предлогот „Република Македонија – Скопје“ веќе бил отфрлен уште на средбата на Алексис Ципрас и Зоран Заев во Давос.

,, Се чини дека Атина преферира новото и постојано име да е напишано на словенски, да биде непреведено, но и еден збор (на пр. Горнамакедонија или Новамакедонија). Клучно за Атина е прашањето за промената на Уставот на Скопје, пишува „Та неа“ .

Од друга страна , премиерот Заев во интервју за германскиот неделник Шпигел го отфрли барањето на грчката страна, компромисното решение за името да не може да се преведува на други јазици и да се користи во оригинална транскрипција.

-Не гледам тука никаков рационален аргумент. Не ми е јасно како тоа би се применило во праксата воопшто да не се преведува името. Треба ли да ја присилиме канцеларката Меркел или претседателот Трамп да кажат Северна Македонија ( North Macedonia). Tоа би било меѓународен преседан, вели Заев.

Поранешниот амбасадор  Ѓорѓи Спасов за Нова вели дека треба да се има предвид дека ова е сепак се уште старт на разговорите за разликите околу името во кој Грција настапува  со позиции кои делуваат максималистички па и неразумни. Спасов  е сигурен  дека Грците  ќе направат отстапки во замена за нешто што им е поважно.

,, Ако Македонија се согласи за име во меѓународната комуникација со географска одредница,  односно со замена на сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија со на пример: „Западно европска Република Македонија„ тогаш Грција незвисно од тоа што напишала во Договорот за добрососедство, ќе прифати тоа име да се користи на англиски и на сите јазици на кои се преведува најнормално. Тоа е стандардна јазична норма во светот и секое измислување или обид за наметнување на други стандарди нема светот да го разбере како искрен однос на Грција за надминување на спорот околу името вели Спасов.

,, Што се однесува до барањето од страна на Грција за промена на Уставот, мислам дека тука станува збор за добивање гаранција дека по потпишувањето на договорот,  Македонија нема и натаму да си го користи името Република Македонија со сите земји кои ја имаат признаено под тоа име. Грција со инсистирањето во нашиот Устав да биде запишано дека името Република Македонија во меѓународната комуникација на земјата ќе гласи, да кажеме: „Западно европска Република Македонија„ сака да добие некој вид гаранција дека нема да остане тоа двојство во користењето на името за меѓународна комуникација.  Но тоа се решава со ратификацијата на меѓународниот договор, кој по неговата ратификација ја обврзува земјата да биде почитуван исто како и Уставот, оценува Спасов.

И премиерот Заев смета дека нема потреба од менување на уставот, а најдобра гаранција за грчката страна ќе биде  потпишување на договор за надминување на спорот што ќе ја има силата на меѓународните договори.

-Тоа име е наша гордост, наш идентитет. Не гледам причина за менување на Уставот, тоа не би било добро за нашето достоинство. На Грција и требаме како партнери, но не партнери без достоинство. Уставот може да се промени, па потоа таа промена пак да се коригираа, но тоа не е решение. Најважно за Грција е да има гаранција за решението која ќе биде валидна. Тоа е силата на меѓународните договори кој се ратификуваат и така стануваат валидни меѓународно, вели Заев.

И покрај ваквите разлики меѓу македонската и грчката страна,  Спасов оценува дека има голема можност да биде надминат спорот за името со взамено разбирање.

,,Времето е кусо. Но, и доволно за да се направи голем исчекор и Македонија да стане членка на НАТО, а по приемот на Македонија во ЕУ да стапи во сила и Договорот за надминување на разликите околу името.Претходно може да се донесе само нова Резолуција на ОН,, вели Спасов.

Заев нацрт спогодба Спасов спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.