Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: ЕУ треба да ги прифати Албанија и Северна Македонија како дел од нејзината стратегија, а не како одговор на никаква политика

0
By Соња Крамарска on May 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 6, 2022 11:23

Членството во ЕУ е важно не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за грчка ,,Та Неа”. На прашањето дали пристапот станува поитен и како порака за ревизионистичките политики и како одговор на Русија, Спасовски ќе истакне: ,,Европската Унија треба да ги прифати Албанија и Северна Македонија како дел од нејзината стратегија, а не како одговор на никаква политика, бидејќи ние како регион припаѓаме во Европската Унија.”

-Меѓународниот организиран криминал, тероризмот, илегалната миграција претставуваат предизвици кои ги засегаат не само нашите земји, туку и земјите од целиот регион и Европа, затоа од особено значење се двата договори со Грција, едниот за полициска соработка во борбата против организираниот криминал, а другиот за договор за реадмисија, за кои разговаравме со мојот грчки колега министерот за заштита на граѓаните, Панајотис Теодорикакос, за време на работната посета во Атина, вели Спасовски за ,,Та Неа”.

Министерот во интервјуто посочува дека е клучно да се продолжи со билатерална соработка во областа на безбедноста за стабилност во регионот. Од голема важност, додава Спасовски е и размена на информации и податоци на дневна основа со цел заштита на регионот.

-И двете земји, како членки на НАТО делиме исти вредности и исти можности за зајакнување на нашата соработка со цел стабилност на регионот. Нашиот регион е од посебно стратешко значење, што е предност, но ни носи доста предизвици. Секоја земја мора да биде посветена на одржување на мирот и стабилноста за граѓаните, рече министерот за грчка ,,Та Неа”.

Во врска со илегалната миграција, Спасовски потенцира дека во моментов има намалување на протокот во двете земји, а војната во Украина принуди многу луѓе да ја напуштат земјата. Тоа прашање било покренато и на министерската конференција во Атина, а сите земји учеснички се согласиле дека се подготвени да примаат бегалци од Украина на своја територија.

интервју Оливер Спасовски Та неа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.