Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Интерпол се уште врши некакви испитувања за потерницата на Груевски

0
By Нова ТВ on May 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документите за распишување на потерницата по Никола Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, кажа денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на твининг-проект за усогласување на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување.

„Интерпол, сè уште врши некакви испитувања. Потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена. Потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол“, рече Спасовски.

Спасовски кажа дека нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол, особено за вакви кривични дела и очекува дека врвот на Интерпол ќе донесе таква одлука.

Интерпол веќе два месеци не ја објавува потерницата на Груевски кого Обвинителството за организиран криминал го сомничи како организатор на настаните од 27 април. Обвинителката Вилма Рускоска минатата недела изјави дека Интерпол одбива да распише потерница за Груевски и за разузнавачот Никола Бошкоски, обајцата осомничени како организатори на крвавите настани од 27 април.

Познавачи на оваа област за НОВА објаснија дека правилата на Интерпол се сменети и од 2015 година оваа меѓународна организација ги либерализира правилата за тоа во кои случаи важи црвената потерница.

Оттогаш, со црвена потерница не се бараат лица во следните случаи:

– кога е потврден статусот на бегалец или барател на азил, кога

– кога има известување дека се стравува оти поединецот во земјата што го бара ќе се соочи со прогон

– кога доделувањето на статусот на бегалец не е засновано на политички причини во однос на земјата што го бара.

Во појаснувањето на овие нови правила се истакнува дека „со прифаќањето на овој нов пристап, организацијата официјално признава дека кога станува збор за меѓународната полициска соработка, чие унапредување е примарна цел на организацијата, бегалците заслужуваат посебна заштита на ИНТЕРПОЛ. Оваа посебна заштита е неопходна за заштита на бегалците од земјите-членки кои ги злоупотребуваат каналите на ИНТЕРПОЛ да ги прогонуваат политичките противници и другите жртви на корумпирано кривично гонење“.

Според експерти за азил, овие правила се либерализирани главно поради случаите со руски државјани кои се цел на прогон во земјата поради политички ангажман или активизам, поради што бегаат во други земји во светот, но Русија преку Интерпол ги бара да бидат испорачани назад. Интерпол на својот сајт не ја објави ниту потерницата на Груевски по барање на македонските власти по неговото бегство во Унгарија за случајот „Тенк“.

 

азил Груевски Интерпол Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.