Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: МВР падна на испитот на 27 април, суспендирани 23 лица

0
By Нова ТВ on June 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево на прес – конференција соопшти дека Извештајот на работната група во МВР за настаните од 27 април во Собранието ги утврдил формално правните пропусти и ги открил систематските недоследности во Министерството.

– Овој орган, падна на испитот на 27 април, поради партизирање на раководните структури. Ова Министерство мора да се департизира, да се ослободи за да работи и нормално да функционира. На граѓаните, им должиме да го исчистиме срамот кој се случи на 27-ми април. Имаме суспензии на повеќе од 20 луѓе, поточно 23, поведени се дисциплински постапки за 45 лица, а во тек е целокупна истрага за тој инцидент. До овој момент, немаме разрешување за било која од тие позиции, изјави Спасовски.

Извештајот, како што рече,  прецизно, филигрантски ги детектира одговорностите за тоа што се случи во Собранието, но не соопшти никакви имиња бидејќи извештајот бил класифициран документ.

Тој ќе биде доставен до Јавното обвинителство кое треба да ги утврди сите можни одговорности, персонални и објективни, за секој кој ги пречекорил законските надлежности.

Спасовски потенцира дека за „срамниот чин“ во Собранието мора да има одговорности и санкции и дека Министерството за внатрешни работи мора да се деполитизира, декриминализира и департизира.

На почетокот, Спасовски кажа дека работната група работела повеќе од еден месец, извршила увид во обемната службена документација, разговарала со голем број припадници на МВР и бил прегледан службен видео материјал и видео материјал од телевизиите.

Извештајот што го добија медиумите е преработен сепарат од целосниот извештај на работната група и не е достапен за општа употреба.

Спасовски исто така информираше дека веднаш по настаните,  еден дел од структурите на МВР добиле задача да се направи извештај за еден ден кој би ја оправдал работата на полицијата но, не откри по чија директива. Тој откри дека според извештајот при полициска интервенција во Собранието не се испочитувани во целост процедурите и дека немало единствена команда при донесување на одлуките.

27.април МВР Работна група извештај Собрание Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.