Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил соопшти дека на седница на Владата е донесена одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Па така, граѓаните во сабота и во недела ќе може да се движат во периодот од 5 часот до 19 часот.
„Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот“, пишува Спасовски на ФБ.