Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Нема промена на Уставот а државата е унитарна

0
By Нова ТВ on March 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2017 11:05

“Главната определба е дека нема промени на Уставот”, изјави синоќа на Телма генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски зборувајќи за договорот помеѓу неговата партија и ДУИ.

Според Спасовски, во однос на албанскиот јазик и двојазичноста, договор е постигнат за стратегиските правци, а дека деталите треба да се решат по добивањето на мандатот за нова влада:

„Главната определба е дека нема промени на Уставот. Не се разговараше само за јазикот, туку и за европскиот пат на Македонија и за суштински прашања во однос на реформите во земјата. Во Македонија со законот од 2008 година во употреба се повеќе јазици, и албанскиот, и српскиот, и турскиот… Некои општини се и повеќејазични. Материјалите во Собранието и денес се делат на албански јазик. Во судот и денес се употребува албанскиот јазик. Двојазичност на амблемите? Тоа се претпоставки, вештачки се наметнува тензија, тоа е дел од пропагандата. Разговаравме за генералните правци, а аспектите ќе ги отвораме откако ќе го добиеме мандатот. Во јавноста ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го скрие катастрофалното владеење со патриотските приказни за заштита од двојазичноста. Ние и денеска имаме двојазични лични карти“, рече Спасовски и додаде дека наскоро ќе ги објават наредните чекори.

Спасовски вели дека одлуката на Иванов да не му го даде мандатот на Заев е заштита на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ наспроти интересот на граѓаните на Македонија. Според него, Иванов му го дал мандатот на Груевски и покрај тоа што и во тој момент постеше платформата на Албанците по која се водеа преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

“По првото прекршување на Уставот, кога му го додели мандатот на Груевски, ова денешно одбивање е второ прекршување на Уставот од страна на претседателот”, рече Спасовски во интервју на ТВ Телма.

 

 

Влада Иванов Оливер Спасовски Платформа Телма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.