Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Со одбивањето на двата амандмана од СДСМ за ребаланс на буџетот, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

0
By Marija Todorovska on July 14, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Со одбивањето на двата амандмана од СДСМ за ребалансот на Буџетот на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните, оцени пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција по седницата на Комисијата која ја заврши амандманската расправа по ребалансот.

СДСМ пристапи сосема одговорно и во функција на потребите на граѓаните. Она што беше приоритет, тоа го понудивме во овој ребаланс на Буџетот и констатацијата дека власта нема слух за основните проблеми на граѓаните, ниту демократски капацитет да ги сослуша забелешките, да ги разгледа внимателно предлозите и врз основа на тоа да се носат одлуките. Уште еднаш се покажа дека извршната власт, односно Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ја контролира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасовски.

СДСМ на денешната седница на Комисијата поднесе два амандмана кои се однесуваа за поддршка и помош на настраданите и нивните семејства и повредените од пожарот „Пулс“ во Кочани и за справување со пожарите.

СДСМ и Коалицијата денеска поднесоа два клучни собраниски амандмани, како што претходно најавивме и кои се однесуваа на две приоритетни работи во државата. Еден амандман беше за поддршка и помош на настраданите и нивните семејства и повредените од пожарот „Пулс“ во Кочани со кои финансиски средства треба да заврши исплатата на оштетата, меѓутоа и сите други потреби кои ги имаат оваа категорија на граѓани. Ова беше амандман кој што беше и шанса да пратиме порака за соработка, порака за единство, меѓутоа и порака за солидарност со граѓаните. Да покажеме дека институциите се тука, кога им се најпотребни на граѓаните, како што во овој момент се потребни на граѓаните на Кочани. Вториот амандман што го поднесовме беше за справување со пожарите. Оваа Влада покажа крајна некапацитетност во однос со справувањето со пожарите. Секојдневно имаме пожари и немаме реакција од надлежните институции на соодветно ниво. Затоа ни се случија низа пожари, ни се случи човечка жртва, ни се случија целосно изгорени стопански капацитети, куќи на граѓаните, викенд куќи итн, рече тој.

Спасовски смета дека нема поголем приоритет од тоа, како што рече, сите заедно да обезбедиме финансиски средства преку овој ребаланс коишто пред се ќе значат зголемување на бројот на пожарникарите и на нивните  плати заради тоа што ако пожарникарите се добро мотивирани тогаш и заштитата ќе биде на едно соодветно ниво.

Овие беа пари со коишто можеше да се обезбеди и дополнителна опрема, тоа што е потребно и за кое сите заедно ќе покажеме дека врвните приоритети не познаваат разлики, политики или било какви други. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не ги поддржаа ниту овие два амандмани како врвен приоритет, а имајќи во предвид дека сите други амандмани коишто сметавме дека не се приоритет, односно не можат да бидат ваков приоритет каков што се амандманот за Кочани и за пожарите, ги повлековме токму во таа функција, да понудиме две приоритетни области во кои сите заедно ќе успееме да се соединиме или да пружиме рака за соработка. Мислам дека во Собранието денеска се пропушти уште една можност, уште една шанса да покажеме единство и да покажеме дека проблемите на граѓаните и она што ни се случува сега во државата ни бидат заеднички приоритет, рече Спасовски.

На седницата не беа прифатени комисиските амандмани од пратениците на СДСМ за обезбедување милијарда и 200 милиони  денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите во пожарот во Кочани и за медицинска опрема за Општата болница во Кочани, како и за 500 милиони денари за пожарникарските служби, за плати, подобрување на механзиација, набавка на заштитна опрема. СДСМ ги најави минатата недела кога повлече 142 амандмани за ребалансот за кој вкупно беа поднесени 200.

 

амандмани Кочани Оливер Спасовски Ребаланс на буџет СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.