Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Според Фридом Хаус, Македонија флертува со либералната демократија

0
By Biljana on April 20, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невладината организација Фридом Хаус објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција според кој Македонија не напредува односно сè уште е во категорија „хибридни режими“.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски вели дека овој извештај се однесува на подолг период дури од 2017, пред формирање на Владата од СДСМ. „Од кога е на власт СДСМ, има многу подобри оценки во справувањето со корупцијата, Владата успеа да ја зајакне почитта кај населението и ги штити правата на секој граѓанин“, потенцира Арсовски.

Како што јави Гласот на Америка, на скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко,  Македонија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3, 25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.

Според „Фридом хаус“, тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ, и оти „Блокот треба конечно да ги започне пристапните преговори со Албанија и Македонија, притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите“.

„Дефинитивно, ниту еден хибриден режим во регионот не успеа да ѝ пркоси на гравитацијата на сивата зона од 2002. Во овој период, Албанија, Македонија и Србија флертуваа со либералната демократија, додека Ерменија и Молдавија издржаа авторитарни епизоди, но сите се вратија на хибриден режим до 2021 година“, оценува извештајот.

Моментално, вкупно 11 држави се категоризирани како хибридни режими во „Нации во транзиција“.

Извештај Корупција Македонија хибриден режим
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.