Спортистите на Северна и Јужна Кореја на Зимските Олимписки игри ќе маршираат под едно исто знаме, соопшти Јужна Кореја.
Исто така двете држави ќе настапат со заеднички тим во женска конкуренција во хокеј.
Некои од спортистите ќе имаат заеднички тренинзи во Северна Кореја пред да започнат Олимписките игри.
Ваквиот развој на настаните доаѓа по се уште активните дипломатски преговори на неутралната зона меѓу двете држави за повторно нормализирање на односите.
Знамето под кое ќе маршираат спортистите е со плава силуета на двете Кореи. За прв пат е употребено во 1991 година, а последен пат во 2006 на Зимските Олимписки игри во Торино, Италија.
Олимписките игри започнуваат на 9 февруари годинава а ќе се одржат во Јужна Кореја.