Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спречен шверц на 3590 таблети трамадол од мобилниот тим на Царинската Управа

0
By Marija Todorovska on February 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 19, 2024 10:35

Мобилен тим на Царинската управа спречил шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце.

 

Случајот, соопштија денеска од Царина, е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска. Против патникот, инаку македонски државјанин, е поднесена соодветна пријава.

– Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња Дорета коишто содржат 75 мг Трамадол хидрохлорид, соопштија денеска од Царинската управа.

Трамадолот е лек кој спаѓа во групата на аналгетици опијати, главен елемент кој го содржи е морфиум. Во медицината се користи како лек кој спречува/ублажува болки.

Трамадолот делува како слаб агонист, лачи сератонин (хормон за среќа) и лачи норадреналин т.е. норепинефрин (хормон кој спаѓа во групата на катехоламини). Често се комбинира со парацетамол поради фактот дека оваа комбинација делува по ефикасно во ослободувањето од болка.

Трамадолот во Македонија се почесто се злоупотребува, и тоа најчесто кај зависниците од хероин. Можe да се купи со рецепт од лекар но е лесно достапен и на црниот пазар.

Табановце трамадоли Царинска управа шверц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.