Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија и ЕУ потпишаа Меморандум за разбирање за минералните суровини

0
By Marija Todorovska on July 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 19, 2024 13:04

ЕУ и Србија денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила.

Меморандумот за разбирање беше потпишан во Палатата на Србија во рамки на Самитот за критични суровини во Белград од страна на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и извршниот потпретседател на Европската комисија за Европскиот зелен договор и за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување Марош Шефчович, во присуство на српскиот претставник Александар Вучиќ и германскиот канцелар Олаф Шолц.

На потпишувањето присуствуваа и амбасадорите на Италија Лука Гори, на Германија Анке Конрад и на САД Кристофер Хил, како и министри во Владата на Србија.

Како што соопшти Европската комисија, склученото партнерство има за цел да го поддржи развојот на нови локални индустрии и отворањето висококвалификувани работни места во рамки на процесот на производство на електрични возила, со целосно почитување на високите еколошки и социјални стандарди и со целосна транспарентност во однос на искажаната загриженост на локалните жители за штетни последици врз животната средина.

– Партнерството, исто така, обезбедува рамка за силен ангажман на повеќе нивоа на јавно-приватно ниво помеѓу институциите и телата на ЕУ, бизнисите, деловните асоцијации, социјалните партнери, претставниците на граѓанското општество, релевантните министерства на заинтересираните земји членки на Унијата и Србија, јавните организации, финансиските институции и инвеститорите, се наведува во соопштението.

Партнерството се базира на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Србија и е во согласност со Планот на ЕУ за раст за Западниот Балкан, што ќе има позитивно влијание за унапредувањето на интеграцијата на Србија во единствениот европски пазар на ЕУ и дополнително зајакнување на нејзината економска, социјална и еколошка конвергенција со Унијата.

Со Меморандум за разбирање се воспоставува тесна соработка меѓу Србија и ЕУ во зајакнување на развојот на синџирите на производство на суровини, батерии и електрични возила, поттикнување на истражувањето и иновациите, примена на високи еколошки и социјални стандарди и практики, мобилизирање на финансиски и инвестициски инструменти за поддршка во реализација на проекти, како и обучување за вештини за висококвалификувани работни места во секторите на суровини и батерии.

Согласно Меморандумот за разбирање, во рок од шест месеци ЕУ и Србија заеднички ќе изработат Патокази со конкретни активности за спроведување во пракса на договореното стратешко партнерство.

Договор ЕУ Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.