Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Србија против насилството“ му пиша на ЕП и побара итна меѓународна истрага за изборите

0
By Marta Pesevska on February 14, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на „Српската коалиција против насилство“ ја поздравија Резолуцијата на Европскиот парламент за изборите во Србија и изјавија дека признавањето на ситуацијата во земјата, особено „заробувањето на државата и медиумите од страна на Српската напредна странка“, покажува колку е важно да се зачуваат демократските принципи и владеењето на правото во Србија.

„Вашиот повик за независна меѓународна истрага … претставува значаен чекор кон решавање на системските прашања кои ги поткопуваат демократските процеси во Србија. Силно го поддржуваме продолжувањето на овие напори и го очекуваме одговорот на Европската комисија“, се вели во писмото на лидерот на коалицијата „Србија против насилството“ упатено до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецолa, потпретседателите на Парламентот, лидери на политички групи и сите пратеници.

Тие додаваат дека од најголема важност е итно да се распореди ад хок мисијата за утврдување на фактите за изборите во Србија, чие формирање во таа резолуција го бара Парламентот на ЕУ.

„Ваквата мисија е клучна за собирање информации од прва рака и за обезбедување одговорност за секое прекршување на демократските норми, особено оние аспекти надвор од рамката на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, кои директно влијаеја на исходот од изборите за собранието на град Белград, како и парламентарни, покраински и делумно локални избори.” наведуваат во писмото.

Тие побараа од Европскиот парламент да продолжи да инсистира на исполнување на препораките на ОДИХР, особено оние поврзани со ревизијата на избирачкиот список пред одржување на идните избори.

Извор: МИА

ЕП избори Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.