Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија се заканува: Решение за брашното до 14 април или контрамерки

0
By Нова ТВ on April 5, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 17:03

Договорот ЦЕФТА е во сериозна криза, а идејата за економско поврзување на регионот е на „климави нозе“ поради честите еднострани провокации на одделни влади во регионот и воведување вонцарински бариери во трговијата со Србија, изјави денеска српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ за Танјуг, пренесува МИА.

Најнов таков случај, како што кажа Љајиќ е спорот со брашното со Македонија, при што тој најави дека доколку до 14 април Македонија не најде решение за увозот на српското брашно, истиот ден Србија ќе примени „полн сет“ контрамерки.

– Доколку до 14 април не најдеме решение, автоматски истиот ден ќе воведеме контрамерки. Немаме друг механизам и бевме доволно време трпеливи и толерантни, изјави Љајиќ.

Според него, Србија разбира оти македонската влада е под страшен притисок на „мало воденичарско лоби“, но посочи дека Србија веќе нема да трпи „едно такво нелогично и неекономско однесување.“

– Направен е исчекор по неодамнешните разговори со македонската страна кога е договорено взаемното признавање на сертификатите и на работното време на инспекциите на граничните премини, констатираше Љаиќ, додавајќи дека Србија предлагала потполно укинување на контролните маркички кои се лепат на пакувањата од брашното.

Предлагаме и Србија и Македонија, потполно да ги укинеме маркичките, затоа што нема потреба од дупла контрола доколку меѓусебно се признаваат сертификатите затоа што на тој начин се зголемува вредноста на стоката, а на крај, сето тоа го плаќаат купувачите, констатира Љајиќ.

Љаиќ и претходно се закани дека 14 април е мкраен рок за решение на овој спор кој настана откако српските произведувачи на брашно побараа од српската Влада да воведе контрамерки, откако Македонија го промени Правилникот за увоз на брашно.

Правилникот што стапи во сила на 8 февруари предвидува контролни маркички на брашното да се ставаат по увезување на пратките и нивната контрола, а не пред да се реализира извозот во Македонија.

Според Законот за квалитет на земјоделски производи, „брашното може да се стави во промет ако е означено со контролна марка и ги исполнува условите за промет и за квалитет утврдени со овој закон“.

Според министерот за змејоделство Љупчо Николовски, Македонија eдинствено го промени редоследот на активности при увозот на брашно заради заштита на здравјето на граѓаните.

-Ниту воведува нови давачки, ниту, пак, нецарински и нетарифни бариери, туку напротив ја олеснуваме постапката и протокот и ја намалуваме цената на контролните маркици за увозното брашно, рече Николовски.

тој објасни дека давачките за увозниците се намалуваат – цената на контролните маркици од 1,5 на 0,2 денари  за брашно од 25 килограми.

– Контролните маркици се воведени на барање на увозниците и на домашната индустрија и со правилникот само се изедначуваат домашните производители со увозниците. Логично и нормално е прво да се направат анализите, а потоа да се пушти брашното во промет. Наместо да се лепат контролните маркици во Србија и брашното да стига  на граница со залепени контолни маркици и веднаш да се пушта во промет, сега ќе треба да биде складирано во магацините кои ги имаат регистрирано увозниците, а по проверките од АХВ да биде ставено во промет, појасни Николовски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на 16 март изјави дека Мешовитито комитет формиран за преговори на состанокот во Белград направил е напредок во разговорите со Србија во делот на признавањето на одредени лабораториски анализи што досега беше проблем.

брашно контрамерки Љаиќ Николовски увовори.з
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.